Охрабрување до совозачиците (са станат моторџики)

Go down

Охрабрување до совозачиците (са станат моторџики)

Post  dvormak on Thu Jan 22, 2009 3:41 pm

Не дека не ни е убаво кога ве возиме, но сепак мене на пример би ми претставувало огромно задоволство ако мојата верна совозачица самата вози мотор... Wink
Сосема се погрешни убедувањата дека нема да можат да го контролираат моторот поради тежината или слично... сето тоа се учи и преоѓа во рутина.
Значи само треба желба, воља да се научи и нормално вежбање...

Како охрабрување погледнете го линков (кликни тука)...
Приказната е за 1 женска, 1 мотор, 7 континенти, 5 ипол години пат и 180.000 поминати километри...
Што мислите, зарем не би можеле и вие? Cool
avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: Охрабрување до совозачиците (са станат моторџики)

Post  Simeon.S. on Thu Jan 22, 2009 11:30 pm

Овде не би можел да коментирам. И за, ама и за козервативно НЕ! Very Happy Very Happy Very Happy
avatar
Simeon.S.

Number of posts : 57
Age : 47
Registration date : 2009-01-20

View user profile

Back to top Go down

Re: Охрабрување до совозачиците (са станат моторџики)

Post  Тоше on Mon Mar 02, 2009 6:35 pm

dvormak е прилично во право. Од друга страна и Симеон ме става во мисла...
Не бадијала долги години не ми паѓаше на ум да турам кучка зад мене (нека извинат за одомаќениот израз почитуваните припаднички на понежниот пол) зашто сакале да признаеме или не, возењето совозач колку и да е тој верзиран и искусен во седењето на задно седиште, создава екстра напор кај возачот.
Да, ако размислуваме оти така ќе бидеме помалку заморени при возењето, но НЕ кога ќе ми текне дека треба да мислам и на тоа како ќе вози и како ќе извози. Сепак е женско бе, да му се невиди.
avatar
Тоше

Number of posts : 31
Age : 56
Location : Скопје
Motorcycle : Crow cm250uh
Registration date : 2009-02-27

View user profile

Back to top Go down

Re: Охрабрување до совозачиците (са станат моторџики)

Post  Simeon.S. on Tue Mar 03, 2009 11:18 am

Мојот пост и длабоко земање на воздух пред да пишам се однесува на тоа да сувозачиците станат моторџии, односно да управуваат мотор, а не на тоа да си останат сувозачици. Мене ми е баш пријатно и уживање кога на секоја вожња ја имам мојата сопруга позади. Со тоа имам граничник при вожњата и повеќе уживање во истата, а и таму каде е крајната дестинација.
Искрено немам ништо против тоа да женскиот пол вози мотор, меѓутоа и не се сите за тоа. Ете мојата не е! Мислам дека кај тие личности од понежниот пол што ги привлекува да,а и управуваат мотори сепак преовладува повеќе машкиот хормон!

ПС. Да не бидам погрешно сватен моето мислење е за мотори, а не за скутерчиња и скутери.
avatar
Simeon.S.

Number of posts : 57
Age : 47
Registration date : 2009-01-20

View user profile

Back to top Go down

Re: Охрабрување до совозачиците (са станат моторџики)

Post  leon on Tue Mar 03, 2009 2:15 pm

Еве и јас да си кажам нешто.

Еве прв пример женами сака да и купам мотор да вози има голема желба за некое чоперче како на Бади keway до 150сс меѓутоа со такво моторче што? Ќе иде до работа и назад и во околината на Скопје на некоја од неделните вожњи и толку не дека моторот неможе повеќе, може тој цело рели да извози без никаков проблем. Него мислата ако јас му ја летнам напред бидејќи моторот појак и побрз ,а нејзе ја оставам позади со која мисла ќе ја чекам? До каде е што прави што не вози сега не е достапна на моб. бидејќи вози ,да не ја бутнал некој камион при проаѓање да не се лизнала во некоја кривина,мисли лоши или добри колку ти душа сака. Од друга страна пак еве цела ланска година не на сите ама на еден дел од вожњите не дружеше а и ќе не дружи се надевам harli_girl која без никави проблеми си ги извозе рутите како и сите ние кои бевме во групата.

Сепак како мој заклучок на моето размислување ќе кажам дека све се сведува на тоа да каков е човекот дали маж или жена сите се способни за управување на возило дали на 2 или на 4 тркала. Ако она мисли дека може да се контролира или да го контролира андреналинот кои го дава задоволството на мотор зошто пак да не вози сама. Затоа кој мисли дека може треба само добра самоконтрола и малку искуство во сообраќајот и све ќе си оди онака како што треба. Е сега ако совозачицата нема желба и воља да научи да управува со мотор џабе ни е тогаш све секаков потик и потуркување да проба она за секогаш ке си биде со-возачица или домачица пошто нема да се вози ич. Она што до сега го имам лично видено од вожњите,турите,релијата е дека многу е мал бројот на девојки,жени кои се осудуваат да управуваат со мотор. во скопјево ги има неколку дури и на прсти можеш да ги изброиш.

Возачици:
- Неделни вожњи: harli girl, ???
- Рели 8 септрември: Анѓела, ???

Совозачици:
- Неделни вожњи: Лиде(на Зоки),Сузе,Мими(на Бени),Мими(на Иван),Кики,Зорка(на Минч) и др.
- Рели 8 септември:Лиде(на Зоки),Сузе,Мими(на Бени),Мими(на Иван),Кики,Зорка(на Минч),Венера(на Симе) и др.

Значи разликата е повеќе од очигледна спротивниот пол повеќе љуби да се вози отколку да вози тоа е тоа за сега.
avatar
leon

Number of posts : 19
Age : 45
Location : Skopje
Motorcycle : Kawasaki GPZ-1000Rx
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.motoskopje.mk

Back to top Go down

Re: Охрабрување до совозачиците (са станат моторџики)

Post  Kristina on Wed Mar 04, 2009 9:42 pm

Гледам темава за совозачици па да си кажам и јас нешто.
Знам овде барем никој нема да ми замери ако си кажам свој став Laughing

Значи ве разбирам и искрено и јас имам некои поделени мислења и ставови околу темава. Им се восхитувам искрено на оние девојки кои знаат да возат мотор. Ама знаат..а тие реално се ретки. За пример би ја издвоила оваа девојкава Ангела која го извозе Рели-то. Ели или попозната како harli girl (???) нема баш да ја коментирам, сепак вози кинески харли од 150cc, а и искрено знам само дека беше во Велес на тие неделни вожњи и во Волково.

Јас лично никогаш и не сум сакала да научам да возам. Не дека не ми било предизвик но искрено си кажувам дека не сум способна да управувам таква моќност. Едноставно самата те предизвикува да дознаеш колку можеш да издржиш. А јас на тоа искушение не можам да одолеам.
Јас и како совозачица знам да бидам предизвикувач на побрза вожња, на повеќе адреналин, среќа што мојата рака е на резерварот Very Happy

Ете така од мене. Со среќа на оние припаднички на женскиот пол кои можат и кои возат. Јас секогаш ќе ви се воодушевувам на храброста што ја поседувате, а и ќе бидам помеѓу вас но како совозачица. sunny flower
avatar
Kristina

Number of posts : 7
Age : 31
Location : Skopje
Registration date : 2009-01-23

View user profile

Back to top Go down

Re: Охрабрување до совозачиците (са станат моторџики)

Post  dvormak on Fri Mar 06, 2009 12:57 pm

Да се надоврзам со листата на возачици на Леон...
(од листата на пријавени учесници за Мариово 2009)

Матеја Де Реја- Honda CBR1100XX (тежи околу 270 кг., V-max= 250 км/ч)
Татјана Горичар- Yamaha TDM900 (тежи околу 210 кг., v-max= 210 км/ч)
Влатка Жуниќ- Honda CBR600RR (тежи околу 180 кг., v-max= 280 км/ч)
(за сувозачици да не набројувам, еден куп, но друго е муабетот тука)

значи трите се словенки, и со потполно нормални женски пропорции (зборам за висина и тежина) а возат такви ѕверови, на кои, освен на ТДМ-от, ни јас не би се осудил да седнам.
Зборот ми беше дека возењето мотор е вештина која се учи и усовршува со искуство и вежбање. Не е потребна некоја натприродна сила за да се одржат тие машини на 2-те тркала, ниту пак за да се управува со нив. Буквално во возењето мотор преовладува умот, а не силата.
Значи работата е во вештината моторот да остане исправен на 2-те тркала, а не во тоа дали ке има доволно сила да го задржи кога би се лизнал штендерот, или пак да го крене кога ке падне... Ај било кој од машкине возачи нека крене сам легнат мотор со над 250 кила (да ве видам Shocked )
А што се однесува до она дека ке ја мислиш, кај е, па како е, па со кого е... брат, јас од пешки одење имам расцепено колено, од ролерки шината нога, од точак лузната што ми е на лицето... моторот не е ништо поопасен...
Од друга страна знаеш и дека секогаш во групните вожњи се формираат помали групи според можностите на моторите и возачите и никој никогаш не останува сам, а веќе кога би пошле заедно само двајцата да се возите... од поцртаното нема потреба да нагласувам дека не е важно кога ке стигнете на целта, нели Wink
Е сега, финансиските можности не би ги мешал тука, тешкое во наши услови и 1 мотор да се купи и одржава, а камо ли 2.
Туку зборот ми беше оние дами кои досега се возат на задното седиште, а би сакале да научат да возат, а и да возат, а во тоа желбата ги спречува уверувањето дека возењето мотор е машка работа и за тоа треба голема сила, дека можат да научат, а и да возат подеднакво добро (во некои случаи и подобро) од машките... а нормално и дека многу поубаво изгледаат на мотор lol!
avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: Охрабрување до совозачиците (са станат моторџики)

Post  badi on Mon Mar 09, 2009 4:25 pm

ај и ја да си кажам нешто слично...
ете си имам мака да го продадам кивејот за нешто поголемо од причина што Јелена т.е. сопругата го повозе лани и сеа си сака да е нејзиииин Laughing
јбг,сите ние би ги мислеле ако заостануваат во колона,ама не е причина да им ускратиш задоволство да возат мотор (тие по сакаат и имаат желба). ако успеам да земам друг мотор а овој да остане ,дефинитивно е нејзин и со среќа да си го вози !
avatar
badi

Number of posts : 47
Age : 45
Location : Skopje-Macedonia
Motorcycle : Regal Raptor SPT 350
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.myway-badi.com.mk

Back to top Go down

Re: Охрабрување до совозачиците (са станат моторџики)

Post  Sponsored content


Sponsored content


Back to top Go down

Back to top


 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum