Моторџиски код...

Go down

Моторџиски код...

Post  dvormak on Tue Jan 27, 2009 11:43 am

Случајно налетав на оваа тема, па би било добро да ги пренесам тука основите на кодот на моторџиите:

1. Биди горд на она што го возиш и ке го засениш сечиј поглед кон асфалтот. Стоиш сам за себе и не трпи никакво се*ење. Биди љубезен кон послабите и животните и се работи со почит и чест. Секоја будала може да избувне, но ти, биди cool и достоинствен. Поддржи го секој збор со дело и немој никогаш да лажеш, мамиш или крадеш ! Биди племенит затоа што си вистински витез на патот...
2. Носи си го теретот. Или со други зборови, не цмиздри за секаква ситница. Најважните работи во животот се средуваат сами по себе, цмиздрел ти или не. Главата горе, моторџија си, а не полжав. Никогаш не се откажувај и "Never say die!"
3. Никогаш не се предавај и помагај им на другите. Секогаш застани и помогни на братот или сестрата покрај патот. Макар и само морална поддршка да дадеш е 100-пати подобро отколку да пројуриш покрај нив. И не само на други моторџии, помагај на сите и докажи на светот сме подобри од замислата што ја имаат за нас. Људството ништо не кошта, а дава многу.
4. Покажи интегритет. Држи се до своите убедувања, тоа е се што имаш и ке остане и после тебе. Поговорката вели: Држи до нешто или ке паднеш на било што.
5. Запомни: Животот е патување. Твојот живот е во возењето, а не во пристигањето на целта. И најважно, животот не е вежба, проба на костими пред претстава... Ова е животот, излези надвор и зграби го со целото тело, нема време за губење и не чекај патот да дојде до тебе. Еднаш се живее и незнаеш утре што те чека. Живеј сега и искористи го максимално секој момент.

Да повториме: Ти си моторџија, современ витез на патот, кој ги заштитува и помага на немоќните, стои до својот збор и не трпи никакви ср*ња....
И ако сепак мислиш да се возиш по шорцеви и папучи, напраи го тоа како што треба, со крената глава, но сепак...
Животот си тече и откако ке го сватиш ова, јавни ја машината и вози... затоа што тоа е она што го правиме, возиме...
avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Back to top


 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum