15,03,2009 Викенд вожња до Катланово и с.Градманци

Go down

15,03,2009 Викенд вожња до Катланово и с.Градманци

Post  Admin on Tue Mar 17, 2009 1:29 pm

Е па вака се започна во саботата по предлог на Бени додека ни беа на гости да направиме една кратка вожња во околината на Скопје.Додека пиевме пивце и грицкавме Бени им прати пораки на Трте,Бади и гостинот од Холандија г.Рене. Идејата беше Козјак или Катланово,му дадов предлог ако идеме во Катланово можеме да отидеме до с.Градмаци кое се наоѓа на 3км. над Катлановска бања. И договорот падна одиме за Градманци поголемиот дел од друштвото не бил таму. Инаку една од нашите совозачици влече корени од тоа село така да не бевме комплетни странци таму. Се договоривме да поголемиот дел од групата се соберат во 11.00 пред AS-Motors на водњанска,а јас и windy_woman ги пречекаме на бензиската на Макпетрол каде што ќе одбереме дали ќе се возиме по стариот пат или по автопат до Катланово. Додека ги чекавме некое кадро за проверка на опремата за сликање.





Групата дојде кај 11.20 на зборното место,малку на сонце по едно кафе и договор од која страна да одиме. Падна договор да одиме за Катланово по стариот пат бидејќи од таа страна има по разновидна природа и општество Smile .



Стигнавме во Катланово преку мостот према бањата од горната страна негде пред крај на асвалтниот пат едно табличе на кое пишува



Десно по насоката на патоказот и следните 3км. земјен пат кој очигледно е тампониран пред година или две без многу дупки и сосема ок за возење со мотор.


дел од патот


Сепак земјаните патишта мора да се возат со многу поголема претпазливост бидејќи не знаеме зимата какви замки ни оставила по нејзиното заминување.На две до три места тампонот беше испран,а останати беа само камењата кои со поголемо внимание мораше да се поминат,за на крај да стигнеме до средсело како би рекле старите близу до селската чешма. Раскопчувањето и ослободувањето од опремата на прекрасното викенд сонце.



Ова е с.Градманци и неговата природа.







Мала прошетка до соседниот брег каде што се наоѓа едно мало црквиче пресвета Богородица каде направивме мала пауза и освежување.




Тука од јакото сонце некои од посетителите успејаа да си најдат заштита.



По кратката пауза и некоја запалена свеќа во црквичето тргнавме назад према селската чешма да се освежиме малку со ладната изворска вода.



и сите нели освежени.


Пат за назад мислевме дека постои пат кој ке не врати од другата страна но по некој си 200-300 метри асфалтот ни заврши,а со тоа и надежта за да направиме цел круг околу Катлановска Бања. Цурик назад и по истиот пат до бањата каде малку се прошетавме,одморивме и освеживме со по едно пиво ладно ѕидарско од 0.5 за само 50 денари подобро здравје.





а ова дело се вика МУЛТИПЕРСОНАЛИТИ



еве и една комплетна за крај



Верувам дека со овој мал дел неможе да се опише сето она што сме го поминале за тие неколку саати прошетка но доволно да го споделиме со сите други љубители на природата и убавите работи. Еве усте неколку слики од природата и убавините на Катлановска бања за крај.





Дојде време за собирање и припреми за покрет према дома недела и неделни ручеци. Све најубаво до следното возење по прекрасните предели на мајка природа.

Admin
Admin

Number of posts : 7
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://mototouring-mkd.forum-express.com

Back to top Go down

Re: 15,03,2009 Викенд вожња до Катланово и с.Градманци

Post  dvormak on Tue Mar 17, 2009 1:51 pm

Навистина ТОП !!!
Еве и мој мал фото-придонес кон приказната на Леон:



























avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: 15,03,2009 Викенд вожња до Катланово и с.Градманци

Post  windy_woman on Wed Mar 18, 2009 4:02 pm

Прекрасно беше затоа што сите ние имаме заедничко нешто. Љубов кон моторите и природата. Додуша мене и коренот ме влече па нормално е да кажам е прекрасно. Инаку селото е скоро напуштено. Но, старите куќи се сведоци за некогашниот убав живот. Мислам дека во селото сега има само 1 постојан жител. Останатите доаѓаат за викенди и одмори. Како што ми кажува мајками селото некогаш броело 300 куќи, а изворот со ладна вода одамна тече. Дури и дедото на мајка ми незнаел да и каже од кога датира. Има и една интересна легенда за некој извор односно некоја друга вода која никако неможеле да ја сопрат, а преку нок почнала да извира сред родното поле на некој човек. Така на сон на човекот му се јавило дека првите три невести кои ке се појават на полето мора да бидат жртвувани и закопани токму на тоа место, за водата да престане да му нанесува штета. Човекот тоа и го сторил и водата престанала да тече. Има и една друга легенда која ја поврзуваат со претходнава. Имено некогаш соселанец на мајка ми почнал да копа бунар. Но, како одел надолу и надолу се повеќе се слушал страшен звук (како некој да лупал на тенекија). Соселанецот овој звук го сватил како предупредување и лош знак и веднаш го затрупал и изградил бунар на сосема друга локација. Мислел дека тоа се трите невести од легендата.

windy_woman

Number of posts : 4
Age : 42
Location : Skopje
Registration date : 2009-01-22

View user profile

Back to top Go down

Re: 15,03,2009 Викенд вожња до Катланово и с.Градманци

Post  Sponsored content


Sponsored content


Back to top Go down

Back to top


 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum