Струга - Св.Наум - Охрид со Gabriel Bolton oд Англија

Go down

Струга - Св.Наум - Охрид со Gabriel Bolton oд Англија

Post  Simeon.S. on Mon Apr 20, 2009 12:35 pm

На 17.04.2009 година во Струга се сретнавме со Gabriel Bolton од Англија. 26 годишен од Bristol - UK, кој е на пропатување низ светот-како тој вели со својата Honda XR650L. Тој веќе беше претходниот ден во Струга каде беше дочекан од нашите Бени и Мими и Мото Струга. Поминавме еден прекрасен ден во дружење сите заедно за кое Бени ќе состави репортажа. Сметам дека оставивме добар впечаток кај Габриел како домаќини во Македонија и неговите импресии беа изразени на неговото лице цело време.
Ете во продолжение ќе ставам некоја слика за да биде тој ден во сеќавање на сите нас.


Gabriel Bolton from Bristol, Uk


Струга во Адмирал




Свети Наум

avatar
Simeon.S.

Number of posts : 57
Age : 48
Registration date : 2009-01-20

View user profile

Back to top Go down

Re: Струга - Св.Наум - Охрид со Gabriel Bolton oд Англија

Post  dvormak on Tue Apr 21, 2009 1:02 pm

Струга, 16-ти Април 2009...
Прекрасно време не следеше попладнето по добро познатиот пат Скопје-Струга, преку преминот Стража. По пат огромна гужва... река од коли и автобуси... сите кон туристичките центри покрај Охридското езеро на продолжен Велигденски викенд...











Нашата цел во Струга е средба со Gabriel Bolton (или како што тој самиот преферира- Gabe), 26-годишен, од Бристол (Англија), тргнат од своето родно место пред 4 недели, на пат околу светот кој би требало да трае следните година дена...

После мало недоразбирање и разминување (ние во Струга, а тој во Скопје), 15 минути пред полноќ и тој пристигна во Струга...
А во Струга... што да кажам, освен едно огромно БЛАГОДАРАМ до Огнен и останатите дечки од Мото Струга, кои како и секогаш се покажаа прекрасни домаќини, како кон нас, така и кон нашиот гостин од Англија.
И така, да не должиме многу, ова е дел од разговорот што си го направивме со гостинот, а што се однесува на неговиот подвиг:

Бени: Што е тоа што те натера на ваков подвиг- пат околу светот со мотор?

Габриел: Едноставно сакам мотори и сакам да патувам. Одсекогаш сум се восхитувал на оние што го обиколиле светот. Моменталните околности во мојот живот се такви да сега е вистинското време за еден таков подвиг. Немам семејни обврски (жена, деца, дури ни девојка во моментов), без цврста кариера... и едноставно проценив дека ако не го сторам тоа сега, понатаму нема да ја имам таа прилика.



Бени: Спомна дека немаш семејни обврски, а што е со твоите родители, што мислат тие за твојот подвиг?

Габриел: Малку се загижени за мојата безбедност, но сепак мислам дека се горди на мене што го започнав ова. Сеуште е неизвесно дали воопшто ке успеам во намерата да го обиколам светот, но и започнувањето на еден ваков подвиг е донекаде успех, нели Smile

Бени: Колку траеа и како течеа подготовките?

Габриел: Подготовките започнаа уште пред 2 години. Најпрвин беше осмислување на патот, па распрашување околу административните работи (визи и слично), потоа одбирање на вистинскиот мотор, неговото средување... итн... Најмногу време ми зазема психичката подготовка... сеуште се подготвувам на тоа поле Smile



Бени: Малку незгодно прашање, но мислам дека сите ке ги интересира, па не ми замерувај што ке те замолам малку да ни објасниш околу финансиите?

Габриел: Финансиите се лично мои. Како што споменав претходно, подготовките траеа 2 години, а исто толку и периодот на штедење на потребните финансиски средства за реализирање на мојата замисла.

Бени: И, колку имаш планирано за патот?

Габриел: Имам заштедено вкупно 14000 евра со кои планирам да го завршам патувањето.



Бени: Како ти е планот за рутата?

Габриел: Појдов пред 4 недели. Преку Франција, Швајцарија, Италија, Словенија стигнав до Хрватска. Таму се задржав малку повеќе, скоро 2 недели. Многу ми се допадна особено Јадранската магистрала, уживав да возам по неа. Понатаму преку Црна гора и Косово (иако беше планирано преку Албанија) стигнав тука, кај вас. Од тука преку Грција одам до Истанбул. Таму исто така ке се задржам околу 2 недели за да ги извадам потребните визи за Русија, Грузија, Ерменија и останатите држави низ кои планирам да поминам. Потоа продолжувам низ Турција, околу Црното море, низ еден дел од Русија и Монголија. Во Монголија ке ми се придружи татко ми, кој до таму ке дојде авионски, ке изнајми мотор и дел од патот ке ме придружува. Понатаму ми е во план, преку патот на коските во Сибир да стигнам до Тихиот океан и да се префрлам на Американскиот континент...

Бени: И понатаму?

Габриел: За понатаму ке видиме, можеби преку Јужна Америка до Африка и назад дома, но во секој случај на враќање ке поминам повторно од тука. Многу пријатно сум изненаден од вашиот дочек и морам да се вратам повторно Smile

Бени: Кажи ни малку повеќе за моторот што го возиш и зошто баш тој?

Габриел: Honda XR650L, едноцилиндричен мотор со воздушно ладење, без никаква електроника, наједноставен што може да се најде, но нели и наједноставен за одржување и отклонување на евентуални дефекти.

Бени: Која година на производство е, 1990 и некоја?



Габриел: Не Neutral , зошто сите така мислат? Моторот е скоро нов, произведен е 2008 година. На него имам поминато стотици часови работа и преправки за да дојде во сегашната состојба.

Бени: И како за крај, што ке биде резултатот од твоето патување, некоја книга, фото енциклопедија, документарна серија...?

Габриел: Засега ништо во план. Патувањево е чисто заради мене... Но сепак си носам фотоапарат, нели мора да остане понекој слика за сеќавање Smile

Следниот ден, во петокот на 17-ти Април 2009, ни се придружија пријателите од Прилеп, Битола и Скопје и заедно со екипата од Мото Струга, го прошетавме гостинот покрај езерскиот брег до Св. Наум. Неговите импресии лесно се читаа од задоволството што се покажуваше на неговото лице. Мислам дека му оставивме прекрасни впечатоци, а тоа и самиот постојано ни го потврдуваше со зборовите: "Јас повторно ке дојдам... јас пак ке се вратам тука..."










Јас морав да се вратам во Скопје, но гостинот остана уште 1 ден повеќе во рацете на Огнен и остатокот од Струшката екипа, а си замина со солзи во очите... Му посакуваме убаво и безбедно патување, успех во остварување на патешествието оклу светот и со нетрпение го очекуваме повторно да не посети и ни прераскаже за својата авантура...

Како за крај ви пренесувам дел од неговата порака што ја добив утрово:

"Bernard,

I really enjoyed myself ın Macedonıa, ıt was such an unexpected pleasure. I wıll return for sure, and wıll of course bother you agaın as soon as I arrıve!

Thanks agaın for your huge kındness.

I look forward to seeıng you agaın

Gabe"

Габриел, секогаш си добредојден кај твоите нови пријатели во Македонија !

avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: Струга - Св.Наум - Охрид со Gabriel Bolton oд Англија

Post  badi on Tue Apr 21, 2009 1:15 pm

екстра,браво Бени.Уште еднаш потврдуваш она шо го мислев дека си експерт за текстови ,гостопримство и љубезност. браво Брат Smile
avatar
badi

Number of posts : 47
Age : 45
Location : Skopje-Macedonia
Motorcycle : Regal Raptor SPT 350
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.myway-badi.com.mk

Back to top Go down

Re: Струга - Св.Наум - Охрид со Gabriel Bolton oд Англија

Post  leon on Tue Apr 21, 2009 2:05 pm

Одлично што повеќе да се каже сте го пречекале и прошетале човекот онака како што доликува на едни прави домаќини. Сите пофалби и честитки до вас.
avatar
leon

Number of posts : 19
Age : 46
Location : Skopje
Motorcycle : Kawasaki GPZ-1000Rx
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.motoskopje.mk

Back to top Go down

Re: Струга - Св.Наум - Охрид со Gabriel Bolton oд Англија

Post  Makedonec on Tue Apr 21, 2009 2:12 pm

Edno golemo BRAVO do Beni i Mimi Smile
avatar
Makedonec

Number of posts : 6
Age : 49
Location : Veles, Makedonija
Motorcycle : Yamaha Fazer 600
Registration date : 2009-02-09

View user profile http://picasaweb.google.com/mkcrossbearers

Back to top Go down

Re: Струга - Св.Наум - Охрид со Gabriel Bolton oд Англија

Post  Simeon.S. on Tue Apr 21, 2009 2:34 pm

Да, големо браво до Бени и Мими! Експертски напишано а и го дочекаа и испратија човекот навистина преубаво!
avatar
Simeon.S.

Number of posts : 57
Age : 48
Registration date : 2009-01-20

View user profile

Back to top Go down

Re: Струга - Св.Наум - Охрид со Gabriel Bolton oд Англија

Post  dvormak on Tue Apr 21, 2009 2:38 pm

Остајте ги Бени и Мими... ништо не ке направевме без поддршка од сите останати, така да, заслугата е на сите нас Shocked
avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: Струга - Св.Наум - Охрид со Gabriel Bolton oд Англија

Post  dvormak on Fri Sep 11, 2009 11:21 am

Bernard,

Good to hear from you buddy, thanks for getting in touch.

I'm good thanks, and it's flattering to know you check the site from time to time.
I am now in Seattle USA, and had a real adventure crossing Russia, Mongolia and Siberia. I have attached a long and probably boring account of this trip, so when you are really bored and have a lot of time on your hands, maybe give it a read?

I must dash I am afraid, I've got to try and get 1600 miles south over the next few days!

Thanks again, good to hear from you. See you again, it will happen I'm sure

Gabe

Ета, човекот си напредува, добар е, а ми пушти и атачмент за неговото патешествие низ Сибир, по патот на коските, кој можете да го симнете на следниот линк (клик тука)
avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: Струга - Св.Наум - Охрид со Gabriel Bolton oд Англија

Post  Sponsored content


Sponsored content


Back to top Go down

Back to top

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum