Импресии од Мариово 2009

Go down

Импресии од Мариово 2009

Post  badi on Tue Jun 09, 2009 2:11 pm

ајде да видиме пофалби и критики,кој се неизбежни на оволкав настан Wink
avatar
badi

Number of posts : 47
Age : 45
Location : Skopje-Macedonia
Motorcycle : Regal Raptor SPT 350
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.myway-badi.com.mk

Back to top Go down

Re: Импресии од Мариово 2009

Post  Тоше on Tue Jun 09, 2009 4:14 pm

Видливо беше дека организаторот вложил огромен труд и време (за средствата не муабетам Smile ) и со еден збор ќе речам - БРАВО!!! Се си беше супер добро испланирано, онолку колку беше можно изведено и реализирано. Се наќеифив максимално, се надишав планински воздух возејќи и спиејќи на ова прекрасно место. Скарата беше зачудувачки добра(имајќи предвид колку лоша скара сум јадел по Скопјево и на други собири од сличен вид), цените ептен домаќински. Место имаше доволно за секој да си одбере сенка за шаторот. Забавно и интересно минато време кое не ме остава рамнодушен кога и до година ќе се одржува оваа прекрасна манифестација.
-Забелешките кои се неминовни, не можам и нема простор да ги упатам на адреса на организаторот. Ги упатувам кон дел од учесниците и посетителите кои со такво однесување и такви какви што се не им е место на вакви собири. Кои се, какво било нивното однесување и зошто го велам ова, нема потреба да објаснувам и именувам. Самите си знаат и самите ќе се препознаат и се надевам дека во иднина ќе не поштедат од своето присуство.
avatar
Тоше

Number of posts : 31
Age : 56
Location : Скопје
Motorcycle : Crow cm250uh
Registration date : 2009-02-27

View user profile

Back to top Go down

Re: Импресии од Мариово 2009

Post  leon on Mon Jun 15, 2009 4:27 pm

Што повеќе да се каже од она што имавме чест да го доживееме во изминатите три дена во Мариовскиот крај,но сепак би сакал да оставам еден скромен збор како јас го доживеав сето тоа.


Предел како Мариово со прекрасни ливади убави и свежи шумички предел кој во времето на Александар бил една голема шума обрасната со мошне високи дрва од каде фалангите на Аце ги изработувале своите на далеку прочуени копја од 3-4м и кои допринеле да името на Аце стане толку големо и надалеку прочуено. Предел кој во денешно време плени со својата убавина и мирис на ливада,природен оригинален би рекол чај. Мирис кој ни една толкава група од преку 200 мотора не успеа да го остави својот белег на модерното време каде бензинот и оловото се секојдневие без кој голем дел од нас градските луѓе не можеме да го замислиме животот.

Ден 1.

Пристигање во Прилеп град прочуен по неговото минато и историја град полн со деца кои едвај ги дочекаа моторите за да се сликаат со истите. Поздравен говор од градоначалникот кој ја подржува иницијативата за заживување на мариовскиот крај и негово покажување на гостите од надвор кој оваа година дојдоа во стварно голем број,а се надевам дека догодина ке ги има уште повеќе. 13.00час. старт на првите мотори облекување на сета онаа заштитна опрема која во дадени моменти и живот значи загревање на машините бучава во градот нешто се случува. Да се селучува почетокот на една нова и прекрасна авантура. Сите деца и граѓани кои со задоволство се слика и шетаа помеѓу моторите се поредија на тротоарот и со насмевки на лицето не испратија на нашето патување до местото каде во наредните три дена ке се подигне едно мало село во кое ке се случуваат многу убави работи. Тргнавме по стариот пат накај Битола на самиот излез од Прилеп табла с.Витолиште лево. По некој си дваесетина километи стигнавме до местото Расимбегов мост,мост кој ја премостува Црна река,река која со своите притоки и капацитет на вода го полни тиквешкото езеро едно од најголемите вештачки езера во нашата држава.Неколкуте викендички кои се подигнати тука со своите гостопримливи домаќини кои ни одмавнуваа како да сме стари познајници ни даваше само потврда дека деновите што претстојат неможат да бидат лоши туку напроотив со насмевка на лицето и патот пред нас продолживме напред према местото кое ке ни биде камп,куќа,дома во наредните денови.
И ете по уште дваесетина километри возење пристигнавме ги видовме првите чадори за сонце па клупите и шанкот кога ете ги и луѓето задолжени за организација и дочек како не насочуваат и ни го покажуваат патотпрема местата за паркинг на моторите и местата за поставување на шаторите. Места кои изобилуваа со сенки и простор за сите да се сместат. Радост во очите насмевка на лицето,целото место за неполни 10мин. се претвори во дел каде што ако незнаеш што се случува ќе добиеш впечаток дека овде се случува некоја работна акција дека тука ќе се изгради нешто големо,но што ???? Но не не е така тука за некое време од 20-30мин се подигна едно мало село од шатори како печурки после дожд. Се сместивме се растоваривме шаторите прицврстени и се знае најпрвин за да све би било како што треба по едно кафе за кревање на нашите тела и отпочнување на потрагата по ладно пиво,храна, забава, игри,смеа,песна,музика и се она за што сме дојдени тука. Мото турата Мариово 2009 веке се смета за започната сите обврски завршени ние спремни ОДИМЕ. Попладнето откако се освеживме и го убивме гладот започнаа попладневните активности спорт за мене лично многу странска работа не ме влече ама ич,но како набљудувач бев тука.Екипи од сите краеви и групи кои беа пристигнати. Хрватска,Велес,Куманово,Прилеп,Скопје и најважната група во оваа случка Женскиот тим кои стигнаа до финалето,но за жал убавите работи како и секогаш траат кратко денот заврши сонцето се скри што значеше дека е време за ноќните активности односно логарски огин и покрај огинот музика,песна ,смеа ,вицеви ,шали,прикаски.... до доцните часови кога мораше да се легне и одмори бидејќи утре не чека возење од преку 50Км по Мариовскиот крај со посета на дел од знаменитостите што се кријат тука. Добра Ноќ.

Ден 2.

7.00 ТАТАТА ТАТАТА ТАТАТАТИРА време за будење денот нов во полн ек сонцето вели добро утро небото чисто како изворска вода што да се посака повеќе. Брза организација WC,хигиена,утринско кафе,доручек и веке се спремаме за движење денес денот голем,денес ќе ги запознаеме убавините кои на прв поглед и не се гледаат од самиот пат кој не донесе до тука. 10.00 покрет прва станица село Витолиште познато уште и по Мегленските средби кои се одржуваат секоја година на ова место.Посета до селскиот манастир ,гранапчето сред-село кое како да застанало во времето и упорно му пркоси. Највеќе впечаток ми оставија куќите кои сите до една се од камен таму новите материјали како да немаат пристап. Куќите во еден дел запуштени и уништени од забот на времето. Селото од некогашен центар на регионот денес претворено во една мирна тивка природа каде секој патник може да си ја одмори душата,луѓето гостопримливи зборити па така може да се дознае и нешто повеќе за минатото на овој крај. По кусиот одмор и објаснение од водичот покрет моторите за 180 степени и назад по патот према с.Чаниште кое се наоѓа на некој си десетина километри од главниот пат. Патот асвалт здрав но бааги крив мислиш змија го има откривано. с.Чаниште дел кој е застанат во времето место каде воздухот е толку чист и толку миризлив на чај,мајчина душица,ливадски и каков уште не место каде што мислам дека ако останевме некоја минута подолго гардеробата на нас ке го попримеше тој прекрасен мирис.И тука водичот ни даде една кратка претстава за с.Чаниште по што следеше мало освежување во блиските извори на ладна вода и покрет према с.Манастир во манастирот св.Никола каде организаторите не почастија со прекрасно Манастирско гравче. Манастирот е многу стар со конаци кои сега се реновираат и тежнее да прерасне во место прекрасно за душевен одмор место каде секој патник ќе може да си ги наполни батериите и душата со чист воздух. По доброто јадење и освежување и кусиот одмор полека дојде време да се прибираме во нашата привремена дома каде што ќе можеме да легнеме после ваква прекрасна прошетка.
17.00 Веќе одмина пладневното сонце време за забава во кампот време за докажување на способностите помеѓу човекот и моторот. Прва игра кобасицата што виси, на почетокот малку срамежливо и со недоверба но после првиот круг све тргна на смеа и почнаа еден по еден да се нижат мотори и совозачи како сите се обидуваат да го гризнат колбасот но мајчин тој не се дава,смеа веселба на сите страни. Втора игра гимкана омилена игра помеѓу искусните моторџии тука се пријавија повеќе кандидати кои со помали мотори кои со поголеми,помлади-постари,поискусни и неискусни тука сите си ја пробаа својата среќа. Сонцето како што се раѓа така мора и да зајде па дојде време за вечерните подготовки за забава.Ноќите свежи значи облекување со долги ракави и фаќање позиција за забава. Музика топ до душа MP3 но сепак задоволително почна со YU хитови па се додека не дојдоа Чалгиите стара Македонска изворна музика. Тука беше целото изненадување јас лично бев малку скептик како сите ние ќе ја прифатиме оваа музика на еден мото собир. Но изненадувањето беше премногу големо све помина супер забавата прерасна во нешто по интересно и нешто не секојдневно. По завршувањето на чалгискиот оркестар време беше да се префрлиме кај логоскиот огин. Место на кое самиот огин и неговата топлина неговите јазици ке не потсетат како во овие предели нашите предци живееле во ноќите. Сето тоа помешано со денешниот живот до раните утрински часови остава едно незаборавно чувство на задоволство и добро сеќавање.

Ден 3.

Денот Д. Време кога требаше да се растури целиот камп да се спакуваат сите работи и да се тргне назад према прилеп каде организаторот ни подели ланч пакети и сок за освежување и време каде сите познанства и пријателства со учесниците од другите градови и држави требаше да завршат до некое следно видување на некој нареден собир.


Овде завршува моето видување и впечатоци за мото турата Мариово 2009 и уште од сега со нетрпение ја очекуваме Мариово 2010 каде се надевам дека ќе биде по бројна и по посетена од годинешнава. Се најубаво до организаторите Г.А. и секоја година поуспешна од претходната.
avatar
leon

Number of posts : 19
Age : 45
Location : Skopje
Motorcycle : Kawasaki GPZ-1000Rx
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.motoskopje.mk

Back to top Go down

Re: Импресии од Мариово 2009

Post  badi on Tue Jun 16, 2009 1:18 am

леон...прекрасно кажано,браво мајсторе за зборовиве и секоја чест и фала за пофалбите во име на Гардиан Енџелс !!!

п.с. со твоја дозвола би го ископирал ова за на други форуми cheers Smile Wink
avatar
badi

Number of posts : 47
Age : 45
Location : Skopje-Macedonia
Motorcycle : Regal Raptor SPT 350
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.myway-badi.com.mk

Back to top Go down

Re: Импресии од Мариово 2009

Post  leon on Tue Jun 16, 2009 3:15 pm

badi wrote:леон...прекрасно кажано,браво мајсторе за зборовиве и секоја чест и фала за пофалбите во име на Гардиан Енџелс !!!

п.с. со твоја дозвола би го ископирал ова за на други форуми cheers Smile Wink

Од моја страна имаш дозвола да го објавиш кај сакаш освен на ..... знаеш каде.
avatar
leon

Number of posts : 19
Age : 45
Location : Skopje
Motorcycle : Kawasaki GPZ-1000Rx
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.motoskopje.mk

Back to top Go down

Re: Импресии од Мариово 2009

Post  Тоше on Fri Jun 19, 2009 4:03 pm

Мал прилог кон темава и од мене:













avatar
Тоше

Number of posts : 31
Age : 56
Location : Скопје
Motorcycle : Crow cm250uh
Registration date : 2009-02-27

View user profile

Back to top Go down

Re: Импресии од Мариово 2009

Post  dvormak on Mon Jun 22, 2009 2:20 pm

avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: Импресии од Мариово 2009

Post  badi on Sun Jun 28, 2009 9:27 am


sitel TV Anita Daeva
avatar
badi

Number of posts : 47
Age : 45
Location : Skopje-Macedonia
Motorcycle : Regal Raptor SPT 350
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.myway-badi.com.mk

Back to top Go down

Re: Импресии од Мариово 2009

Post  dvormak on Thu Jul 16, 2009 2:15 pm


Македонија
Мото-тура во Мариово

Прилеп
22.06.2009
Моника Талеска

Мото-турата што се оддржа во Мариово, собра повеќе од 250 љубители на мотоциклизмот од Балканот, но и од други европски земји. Организаторите на манифестацијата и локалните власти во Прилеп велат дека настанот придонесува и за развој руралниот туризам.
Над 250 љубители на мотоциклизмот деновиве престојуваа во Мариово, еколошки најчистиот регион во Македонија. Летниот мото-камп кој годинава се одржува по втор пат во организација на прилепското здружение на љубители на мотоциклизмот„ Гардиан Енгелс„ анимираше мотоциклисти од сите балкански држави: Словенија, Србија, Босна, Хрватска, Бугарија, Австрија и Унгарија кои се дружеа, се запознаваа со убавините на мариовскиот крај, со природните богатства на нашата држава.

,,Ова ми е прв пат и овој пат одлучивме да дојдеме во пролет на почетокот на нашето патување, па потоа да почнеме овде, со ова рели. Се
Тежиме кон оној развој на мототуризмот во Македонија
надевам дека ќе биде перфектно, организацијата е супер. Заради друштво, заради забава, повеќе авантура. Доживување, уживање, импресија, се нешто."

Некои мотоциклисти велат дека по втор пат учествуваат во Мото-тура „Мариово„ и нема да пропуштат следна шанса. Според зборовите на организаторот оваа тура е можност и за развој на руралниот туризам воошто.

,,Запознавање на крајот, руралната средина која пружа, која дава, убавините на мариовскиот регион. Тежиме кон оној развој на мототуризмот во Македонија. Преставување на Македонија од оној друг агол на две тркала, така да оваа сезона, како и минатата ни се планирани преку „Хоризонт анлимитед„ светско здружение, да ги преземаме сите оние странци кои што преку интернет не контактираат. Ги преземаме и ги шетаме низ Македонија."

Вели Симеон Стојчевски, претседател на здружението. Градоначалникот Марјан Ристески, смета дека оваа тура во Мариово е во функција на развој на туризмот и мотоциклизмот како спорт, кој допрва ќе се развива во нашата држава.

,,Тоа значи уште еден дополнителен импулс за развој на она што значи селски туризам, па и овој вид на туризам моторџискиот туризам,
Тоа значи уште еден дополнителен импулс за развој на она што значи селски туризам
еден од најпознатите во Европа. И овие луѓе кога ќе заминат, ќе пренесат едно позитивно чувство и искуство од она што значи Македонија, она што значи Мариово и Прилеп. А ние од година во година се поголемо учество и како Локална самоуправа земаме заедно со невладината организација со организација на овој настан."

Во рамките на манифестацијата се одржаа низа забавни игри и натпревари, а во програмата беше предвидено возење низ убавите предели на Мариово и посета на повеќе населени места како и манастирот Свети Никола во село Манастир каде учесниците беа пречекани во духот на традицијата со македонско гравче.Моторџиите испратија и еколошка порака до сите посетители на овој предел:

,,Да се обрне внимание на околината и на луѓето. Ние можеме да загадуваме уште следните 100 години, но што ќе правиме потоа?"
Вели Бојан Јаношевиќ, учесник од Љубљана. Прилепското здружение се надева дека со либерализацијата на визниот режим почесто ќе организира мото-тури низ европските држави.

Преземено од Радио Слободна Европа
http://www.makdenes.org/content/article/1760069.html
avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: Импресии од Мариово 2009

Post  Sponsored content


Sponsored content


Back to top Go down

Back to top


 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum