Лешок & Попова Шапка
Page 1 of 1
Лешок & Попова Шапка
Ден- Петок, 28.08.2009, празник- Св. Богородица, дестинација- с. Лешок и Попова Шапка.
Групата се состана во Тетово. Нашиот домаќин- Драган, од МК Шарпланинци, не дочека како и секогаш- воодушевен и со насмевка на лицето
Откако се собравме, се упативме кон с. Лешок, каде празникот Св. Богородица е селска слава и се обележува со панаѓур и разни други активности низ селото, а особено во дворот на манастирот Св. Атанасиј, попознат како Лешочки манастир...
После кратка прошетка низ манастирот и селото следеше (повеќе или помалку) солиден ручек, а по ручекот, колку да го искористиме денот, решивме да се упатиме кон уште една интересна дестинација во близина- ски центарот Попова Шапка, и да уживаме во кафето и ладната планинска вода, со поглед на ски терените
И така, мина уште еден прекрасен ден во добро друштво (поздрав до МК Шарпланинци и до МК Којоти) и уште 2 дестинации додадени кон нашите мото-авантури.
До следната вожња...

Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum
|
|