5/6.09.2009 Тура: SK-PP-BT-OH-TE-SK

Go down

5/6.09.2009 Тура: SK-PP-BT-OH-TE-SK

Post  dvormak on Mon Sep 07, 2009 12:23 pm

Викендоот 5/6 Септември 2009, си направивме интересна тура низ Македонија, со или без повод, и од кои причини- не е важно. Важно е тоа што си поминавме ПРЕКРАСНО !!!
Да пробам вака да пренесам дел од импресиите:

Се собравме сабајлето на вообичаеното место. Кафе, муабетче, трчање по ствари што сме ги заборавиле Laughing ...


и така се забавивме малку, па ја дочекавме и колоната од Рели Независност на МК...


Им мавнавме за добар пат, почекавме малку (да им дадеме фора) и тргнавме...

Прва станица- одмаралиштето кај црквата св. Богородица пред Велес...



Потоа во Прилеп ни се придружија останатите и си продолживме кон Битола...



Пред Битола, во селото Крклино, беше нашата втора станица, Авто- Етно Музејот на чичко Борче (www.muzejkrklino.mk)...



Домаќините прекрасно не пречекаа...



... и ни ја покажаа својата колекција од стари коли, мотори, кочии, мебел, носии... и многу други работи, кои ги собирале повеќе од четврт век...









Пред да си одиме, како што е редот не почастија со сокче, водичка, пита и колачи, а на излегување, не испрати бубата на чичко Борче, офарбана со прекрасни цветни мотиви


Патот продолжува покрај Битола, Ѓавато, покрај плантажите преполни со познатата ресенска јаболка, Отешево...





Е така е тоа, кој си има ветробран од MRA може и цигара да си пуши додека вози Laughing (мала реклама Cool )


Во Отешево мала пауза и психичка подготовка за убавините и патот на Галичица...


и се впуштаме нагоре по еден од најубавите национални паркови во Македонија...







Од Галичица се симнавме во Љубаништа, каде пробавме да се изценкаме за цената за поставување на шатор, која навистина е превисока (600 ден. шаторско место + 40 ден од човек за туристичка такса). Арно ама, луѓево сакаат пари од туризам, а не сваќаат дека се во Охрид, а не на Азурна обала и тоа вон сезона, па инатот не ни даваше да им платиме толку, реално за тие пари можевме да се сместиме во приватно сместување, но сепак намерата ни беше кампување, па си се упативме на плажата кај св. Наум и тука си ја подигнавме нашата шаторска населба... Гитарче, скариче, пивце, муабети, смеење, зезанции... до ниедно време во ноќта...







Попладнето водата беше топла, а и езерото беше мирно (како стакло) па јас и Мими си попливавме, а останатите решија тоа да го сторат следниот ден...
Епа следниот ден си останаа неизбањати Razz , ладно беше, матна водата, бранови...



И така, си го испивме утринското кафе...


... се спакувавме и си фативме накај Охрид.

Во Охрид малку тмурно, поради прогласениот ден на жалост за жртвите од бродот што потона претходниот ден во водите на езерото.
Краток појадок и освежување...


... мала прошетка и разгледување...













...неколку заеднички фотки...



... и додека трепнеш, поминал денот.

Се разделивме, кој накај Прилеп, кој накај Скопје.
На Стража кратка пауза, кафе, мекици, ово-оно...


... и секој по дома.

Од сесрце им се заблагодарувам на пријателите што не придружуваа на оваа авантура, оние кои дојдоа покасно и не промашија во кампот Љубаништа, Чехот што го сретнавме на Галичица, младиот Пољак кој кампуваше со нас, учесниците на Рели Независност кои ги сретнавме во Охрид и на крај, на Наумче, кој цела ноќ будно го чуваше нашиот камп Very Happy


До следната вожња...
avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: 5/6.09.2009 Тура: SK-PP-BT-OH-TE-SK

Post  Makedonec on Mon Sep 07, 2009 1:04 pm

одлично искористен викенд, браво
avatar
Makedonec

Number of posts : 6
Age : 48
Location : Veles, Makedonija
Motorcycle : Yamaha Fazer 600
Registration date : 2009-02-09

View user profile http://picasaweb.google.com/mkcrossbearers

Back to top Go down

Re: 5/6.09.2009 Тура: SK-PP-BT-OH-TE-SK

Post  Simeon.S. on Mon Sep 07, 2009 6:16 pm

Па да додадам и јас некоја фотка од викенд возењето во еден од прекрасните краеви кои ги има Македонија и секако со прекрасно друштво - GUARDIAN ANGELS MACEDONIA

Откако се докомплетиравме во Прилеп и мало освежување ние го започнавме возењето а останатите го продолжија и понатаму .....














Малку забава со ДЏ-БАДИ scraching на “гранафоно“ Smile))


А потоа и малку опаа ихааа БАДИ & ОРГУЉА-БЕНД



avatar
Simeon.S.

Number of posts : 57
Age : 47
Registration date : 2009-01-20

View user profile

Back to top Go down

Re: 5/6.09.2009 Тура: SK-PP-BT-OH-TE-SK

Post  Simeon.S. on Mon Sep 07, 2009 6:26 pm





























avatar
Simeon.S.

Number of posts : 57
Age : 47
Registration date : 2009-01-20

View user profile

Back to top Go down

Re: 5/6.09.2009 Тура: SK-PP-BT-OH-TE-SK

Post  badi on Tue Sep 08, 2009 12:23 am

ekstra provod ,неам зборови .... ајде васо уште твоите слики и таман Very Happy
avatar
badi

Number of posts : 47
Age : 45
Location : Skopje-Macedonia
Motorcycle : Regal Raptor SPT 350
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.myway-badi.com.mk

Back to top Go down

Re: 5/6.09.2009 Тура: SK-PP-BT-OH-TE-SK

Post  Sponsored content


Sponsored content


Back to top Go down

Back to top


 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum