Денови на солидарност на моторциклистите...

Go down

Денови на солидарност на моторциклистите...

Post  dvormak on Mon Oct 19, 2009 4:03 pm



Во склоп на континуираната кампања за подобрување на безбедноста и имиџот на моторциклистите, во соработка со локалните мото клуови, Црвениот Крст на РМ и републичкиот завод за Трансфузиологија, здружението ГАРДИАН ЕНЏЕЛС објавува одржување на

Денови на солидарност на моторциклистите
Крводарителна акција




Акцијата е организирана на локално ниво, низ повеќе градови на Македонија и тоа :

Скопје: 31.10.2009, во соработка со motori.com.mk
Велес: 1.11.2009, во соработка со МК Cross Bearers- Велес
Куманово: 2.11.2009, во соработка со MK Bears- Куманово
Струмица: 3.11.2009, во соработка со МК Moto Flash- Струмица
Гостивар: 4.11.2009, во соработка со МК Go Bikers- Гостивар
Прилеп: 7.11.2009, во соработка со локалната самоуправа
Струга: 14.11.2009, во соработка со МК Мото Струга- Струга

Ги повикуваме сите хумани луѓе да ја покажат својата солидарност и да придонесат кон уривање на лошиот имиџ на моторциклистите кој владее во умот на популацијата. Сепак сме личности... нечии соседи, роднини, пријатели, деца или родители... да се покажеме и упатиме апел до сите да

ПОГЛЕДНАТ ДВАПАТИ

И СПАСАТ ЖИВОТ !


(локациите и времето на одржување ги објавуваме во продолжение на темава)


Last edited by dvormak on Mon Nov 09, 2009 2:32 am; edited 2 times in total
avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: Денови на солидарност на моторциклистите...

Post  dvormak on Mon Oct 26, 2009 5:37 pm

Уште еднаш да ги потврдиме местата, датумите и времето на одржување на акциите:

31.10.2009 - Скопје, од 10 до 15 часот, во просториите на Црвен Крст на РМ (влез од паркингот позади, помеѓу Црвен Крст и QBE). Акцијата во Скопје е организирана во соработка со motori.com.mk

1.11.2009 - Велес, од 10 до 14 часот, во ресторан СНУПИ во центарот на Велес. Акцијата во Велес е организирана во соработка со МК Носачи на Крстот- Велес

2.11.2009 - Куманово, од 10 до 15 часот во просториите на Културниот Центар Куманово. Акцијата во Куманово е организирана во соработка со МК Мечки- Куманово

3.11.2009 - Струмица, од 10 до 15 часот, во ТЦ Глобал, 2-ри кат. Акцијата во Струмица е организирана во соработка со МК Мото Флеш- Струмица (tnx Миле)

4.11.2009 - Гостивар
, од 11 до 15 часот, во просториите на Црвен Крст- Гостивар. Акцијата во Гостивар е организирана во соработка со моторциклистите од Гостивар (tnx Мич)

7.11.2009 - Прилеп, од 11 до 15 часот, во просториите на Црвен Крст- Прилеп. Акцијата е организирана во соработка со локалната самоуправа

14.11.2009 - Струга, од 11 до 15 часот, во просториите на одмаралиштето на Црвен Крст- Струга. Акцијата во Струга е организирана во соработка со МК Мото Струга (tnx Огнен)


Уште еднаш ги повикуваме сите хумани лица, да ја покажат својата солидарност преку одзив на оваа акција-
ДЕНОВИ НА СОЛИДАРНОСТ НА МОТОРЦИКЛИСТИТЕ

Ги молиме клубовите и моторциклистите од останатите градови доколку сакаат да дадат свој придонес, да се упатат во најблискиот од горенаведените градови и да ја покажат својата солидарност.

За евентуални дополнувања, измени, како и за текот на акциите ке бидете известени во продолжение на темава...


Last edited by dvormak on Mon Nov 09, 2009 2:34 am; edited 1 time in total
avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: Денови на солидарност на моторциклистите...

Post  dvormak on Fri Oct 30, 2009 3:50 pm

Конечни дати, локации и време на одржување на акциите:

31.10.2009 - Skopje, od 10 do 15 časot, vo prostoriite na Crveniot Krst na RM, bul. Kočo Racin br. 13, vo sorabotka so web portalot www.motori.com.mk

1.11.2009 - Veles, od 10 do 14 časot, vo restoran Snupi, vo centarot na Veles, vo sorabotka so moto klubot "Nosači na Krstot"

2.11.2009 - Kumanovo, od 10 do 15 časot, vo prostoriite na Centarot za Kultura vo Kumanovo, vo sorabotka so moto klubot "Mečki"

3.11.2009 - Strumica, od 10 do 15 časot, vo T.C Global, II-ri kat, vo sorabotka so moto klubovite "Moto Flash" i "Avantura Tim"

4.11.2009 - Gostivar, od 10 do 15 časot, vo prostoriite na Crveniot Krst na Gostivar, vo sorabotka so motorciklistite od Gostivar

7.11.2009 - Prilep, od 11 do 15 časot, vo prostoriite na Crveniot Krst na Prilep, vo sorabotka so lokalnata samouprava, i

14.11.2009 - Struga, od 11 do 15 časot, vo prostoriite na odmarališteto na Crven Krst, vo sorabotka so moto klubot "Moto Struga"


Last edited by dvormak on Mon Nov 09, 2009 2:31 am; edited 2 times in total
avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: Денови на солидарност на моторциклистите...

Post  dvormak on Mon Nov 09, 2009 2:30 am

Благодариме на хуманите луѓе од Скопје, Велес, Куманово, Струмица, Гостивар и Прилеп!
По мала пауза, продолжуваме со последниот град во склопот на Деновите на Солидарност на Моторциклистите- Струга, на 14.11.2009, од 11 до 15 часот во просториите на одмаралиштето на Црвен Крст- Струга
avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: Денови на солидарност на моторциклистите...

Post  dvormak on Mon Nov 16, 2009 10:21 am

ДЕНОВИ НА СОЛИДАРНОСТ НА МОТОРЦИКЛИСТИТЕ
КРВОДАРИТЕЛНИ АКЦИИ
ОРГАНИЗИРАНИ ОД МК ГАРДИАН ЕНЏЕЛС- МАКЕДОНИЈА

ИЗВЕШТАЈ


Заврши првата акција за доброволно дарување на крв, под наслов ДЕНОВИ НА СОЛИДАРНОСТ НА МОТОРЦИКЛИСТИТЕ, организирана од МК ГАРДИАН ЕНЏЕЛС- МАКЕДОНИЈА.

Деновите на Солидарност на Моторциклистите беа одржани во периодот од 31.10.2009 до 14.11.2009, во Скопје, Велес, Куманово, Струмица, Гостивар, Прилеп и Струга, како дел од постојаната кампања за подобрување на имиџот и безбедноста на моторциклистите.

Под мотото "Јас сум МОТОРЏИЈА- КРВОДАРИТЕЛ" во градовите низ Македонија, во соработка со Црвениот Крст на РМ, Заводот за Трансфузиологија и локалните мото клубови, вкупно 179 лица доброволно даруваа крв и ја покажаа својата солидарност и тоа не само моторциклисти, туку и граѓани од останатите свери и професии, машки и женски, стари и млади... со што се покажа дека гласот на хуманоста не познава за граници.

МК ГАРДИАН ЕНЏЕЛС на сите Ви благодари за одзивот и придонесот и Ве повикуваме повторно да ни се придружите во следните активности за развивање на мото-културата...
avatar
dvormak

Number of posts : 141
Age : 44
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

View user profile http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Re: Денови на солидарност на моторциклистите...

Post  Sponsored content


Sponsored content


Back to top Go down

Back to top


 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum