Две сестри во поход за промена на светот- на мотор

Go down

Две сестри во поход за промена на светот- на мотор

Post  Zuty on Wed Nov 18, 2009 12:54 pm

Во далечната 1916 Августа и Аделин Ван Бурен не беа само обични девојки од соседството. Сестрите потомци на бившиот претседател Ван Бурен, беа првите жени кои се обидеа да извозат со моторцикли од западниот до источниот брег на САД, што во тоа време не преставуваше лесна задача. Но тоа не беше само безбрижно возење од забава, тие беа во мисија да докажат дека жените се многу поспособни од улогата која што ја добиваат во општеството.




Гуси и Ади сакаа да докажат дека и жените можат успешно да се прикључат во воените сили во Првата Светска војна. Успехот на нивната мисија би докажал дека жените можат да придонесат во одбраната на земјата и воедно да го добијат оспоруваното право на глас.



Патувањето започна
На 14 јули 1916, тргнуваат од Шипсхед Беј во Бруклин и идат западно низ Чикаго и Омаха на нивните Индијан Повер Плус моторцикли. Во тоа време едни од најдобрите постоечки моторцикли, но 93 години наназад моторциклите беа многу посирови, опасни и неудобни машини. Фактот дека патуваат исклучиво на неасфалтирани патишта сигурно додава на тежината.

Западно од Чикаго се запирани и уапсени повеќе пати. Не поради брзо возење. Туку поради носење машка облека! Додека патуваат низ Колорадо решаваат да ги направат нештата уште повозбудливи така што се искачуваат на Врвот Пајкс , 4300метри висока планина која никогаш пред тоа не била искачена со возило. Ниту автомобил ниту камион
После преживеани многу паѓања, кршења, дупки со кал, дехидрација и неподршка во различна сфери и контексти, конечно пристигаат во Сан Франциско на 2 септември 1916. Незадоволени од своето патување продолжуваат кон Лос Анџелес и по должината на Мексичката граница го заокружуваат патувањето.




Горчливо пристигање
По завршетокот на феноменалното патување сепак апликацијата за прием во Армијата на САД на Аделина е одбиена. Аделина го завршува правниот факултет , а Августа станува пилот, летајќи со 99’-ките женска летачка група основана од Амелија Ерхарт.

Овие релативно непознати херои можеби не знаеле на времето, но одиграле значајна улога во движењето за права на жените. И тие тоа го направија на старомодниот начин низ вистинска прашина и посветеност.

Нема возило за поддршка, ЏПС, мобилни телефони, компјутери, сосема малку асвалтирани патишта, без официјални сервисери и ТВ екипи.

НЕКОЈ СПОМНА АВАНТУРА?????


Малку за моторите тоа се Индиан ПоверПлус 1000 кубика 42 степена В-твин мотор со максимална брзина од 100км/ч се произведуваше со мали измени до 1924 година како роудстер и тркачка машина.

Zuty

Number of posts : 9
Age : 48
Registration date : 2009-10-03

View user profile

Back to top Go down

Back to top


 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum