5/6.09.2009 Тура: SK-PP-BT-OH-TE-SK
4 posters
Page 1 of 1
5/6.09.2009 Тура: SK-PP-BT-OH-TE-SK
Викендоот 5/6 Септември 2009, си направивме интересна тура низ Македонија, со или без повод, и од кои причини- не е важно. Важно е тоа што си поминавме ПРЕКРАСНО !!!
Да пробам вака да пренесам дел од импресиите:
Се собравме сабајлето на вообичаеното место. Кафе, муабетче, трчање по ствари што сме ги заборавиле ...
и така се забавивме малку, па ја дочекавме и колоната од Рели Независност на МК...
Им мавнавме за добар пат, почекавме малку (да им дадеме фора) и тргнавме...
Прва станица- одмаралиштето кај црквата св. Богородица пред Велес...
Потоа во Прилеп ни се придружија останатите и си продолживме кон Битола...
Пред Битола, во селото Крклино, беше нашата втора станица, Авто- Етно Музејот на чичко Борче (www.muzejkrklino.mk)...
Домаќините прекрасно не пречекаа...
... и ни ја покажаа својата колекција од стари коли, мотори, кочии, мебел, носии... и многу други работи, кои ги собирале повеќе од четврт век...
Пред да си одиме, како што е редот не почастија со сокче, водичка, пита и колачи, а на излегување, не испрати бубата на чичко Борче, офарбана со прекрасни цветни мотиви
Патот продолжува покрај Битола, Ѓавато, покрај плантажите преполни со познатата ресенска јаболка, Отешево...
Е така е тоа, кој си има ветробран од MRA може и цигара да си пуши додека вози (мала реклама )
Во Отешево мала пауза и психичка подготовка за убавините и патот на Галичица...
и се впуштаме нагоре по еден од најубавите национални паркови во Македонија...
Од Галичица се симнавме во Љубаништа, каде пробавме да се изценкаме за цената за поставување на шатор, која навистина е превисока (600 ден. шаторско место + 40 ден од човек за туристичка такса). Арно ама, луѓево сакаат пари од туризам, а не сваќаат дека се во Охрид, а не на Азурна обала и тоа вон сезона, па инатот не ни даваше да им платиме толку, реално за тие пари можевме да се сместиме во приватно сместување, но сепак намерата ни беше кампување, па си се упативме на плажата кај св. Наум и тука си ја подигнавме нашата шаторска населба... Гитарче, скариче, пивце, муабети, смеење, зезанции... до ниедно време во ноќта...
Попладнето водата беше топла, а и езерото беше мирно (како стакло) па јас и Мими си попливавме, а останатите решија тоа да го сторат следниот ден...
Епа следниот ден си останаа неизбањати , ладно беше, матна водата, бранови...
И така, си го испивме утринското кафе...
... се спакувавме и си фативме накај Охрид.
Во Охрид малку тмурно, поради прогласениот ден на жалост за жртвите од бродот што потона претходниот ден во водите на езерото.
Краток појадок и освежување...
... мала прошетка и разгледување...
...неколку заеднички фотки...
... и додека трепнеш, поминал денот.
Се разделивме, кој накај Прилеп, кој накај Скопје.
На Стража кратка пауза, кафе, мекици, ово-оно...
... и секој по дома.
Од сесрце им се заблагодарувам на пријателите што не придружуваа на оваа авантура, оние кои дојдоа покасно и не промашија во кампот Љубаништа, Чехот што го сретнавме на Галичица, младиот Пољак кој кампуваше со нас, учесниците на Рели Независност кои ги сретнавме во Охрид и на крај, на Наумче, кој цела ноќ будно го чуваше нашиот камп
До следната вожња...

Re: 5/6.09.2009 Тура: SK-PP-BT-OH-TE-SK
Па да додадам и јас некоја фотка од викенд возењето во еден од прекрасните краеви кои ги има Македонија и секако со прекрасно друштво - GUARDIAN ANGELS MACEDONIA
Откако се докомплетиравме во Прилеп и мало освежување ние го започнавме возењето а останатите го продолжија и понатаму .....
Малку забава со ДЏ-БАДИ scraching на “гранафоно“ ))
А потоа и малку опаа ихааа БАДИ & ОРГУЉА-БЕНД

Simeon.S.- Number of posts : 57
Age : 53
Registration date : 2009-01-20
Simeon.S.- Number of posts : 57
Age : 53
Registration date : 2009-01-20
Re: 5/6.09.2009 Тура: SK-PP-BT-OH-TE-SK
ekstra provod ,неам зборови .... ајде васо уште твоите слики и таман
Similar topics
» Мото Тура Мариово 2009
» Еуро Тура 2010
» 29.03.2009 Badarska Okolija
» 11.10.2009
» Предлози за организирани или соло возења

Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum