Радијални или вкрстено слојни гуми (radial vs bias)

Go down

Радијални или вкрстено слојни гуми (radial vs bias)

Post  Zuty on Sun Oct 04, 2009 8:19 am

Е сега која е разликата ..:::??
Bias-ply или cross-ply(слоевите на гумата се под агол од 40-90 степени во однос едни со други)се од постар тип на гуми и сега се многу ретко застапени кај новите моторцикли поради послабите возни својства(при допирот со подлогата како се деформираат страниците на гумата истовремено тоа влијае на деформирањето на шарата на гумата), можеме да ги најдеме како економик-поефтини гуми за послаби мотори..!!! единствен исклучок се гумите за Крос моторите каде што оваа технологија е предност.
За жал постарите мотори ги носат овие гуми(сепак и новите материјали употребувани во производство на овие гуми овозможуваат пристојни возни својства)и на твојот мотор ќе му овозможат пристоји перформанси, но во размерот кој одговара на бандажот и никако поинаку..!
еве сликичка:



Поновите (не се нови ги има уште од средината на векот во комерцијална употреба)Радиалните( слоевите на гума се поставени паралелно и под агол од 90 степени во односот на центарот на движењетона гумата) гуми со челичен страничен појас кој овозможува помало деформирање на гумата(шарите) при допир со подлогата, имаат поголема заобленост и подобри возни својства и помал отпор при вртењето(ова не се однесува на послабо држење на подлогата..туку напротив) овозможуваат помало лизгање на гумата во кривина и подобра тракција!
Ова е денес стандард за гуми за мотори!
сликичка:


Zuty

Number of posts : 9
Age : 48
Registration date : 2009-10-03

View user profile

Back to top Go down

Back to top

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum