Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
5 posters
Page 1 of 1
Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
Ete, si dojde vremeto da trgneme.
Utre nautro, okolu 5 casot so Mimi trgnuvame na 10 dnevno patuvanje so motor na relacija Skopje-Teningen-Skopje.
Pripremite okolu motorot traea vekje podolgo i završija sinokja so mali detaljcinja, t.e. lepenje na 3M-Scotchlite traki na vidni mesta... (kako elka go ukrasivme, malku selski, no sepak považno e da bideš zabeležitelen neli )
Planiranata ruta (posle mali izmeni) e sledna:
Skopje-Belgrad-Nova Gradiška-Sisak-(Bled) Ljubljana-Villach-Lienz-Innsbruck-Garmisch Partenkirchen-Freiburg-Teningen
a na vrakjanje:
Teningen-Freiburg-Weil-Bazel-Lugano-Verona-Venecija-Trst-Umag-Dubrovnik-Tirana-Struga-Prilep-Skopje
Bidete site pozdraveni, pa se citame od 11-ti Maj natamu

Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
Srecen pat i ubavo da si projdete,pa pratite po put nekoju sliku da ve vidimo,dvormak wrote:Ete, si dojde vremeto da trgneme.
Utre nautro, okolu 5 casot so Mimi trgnuvame na 10 dnevno patuvanje so motor na relacija Skopje-Teningen-Skopje.
Pripremite okolu motorot traea vekje podolgo i završija sinokja so mali detaljcinja, t.e. lepenje na 3M-Scotchlite traki na vidni mesta... (kako elka go ukrasivme, malku selski, no sepak považno e da bideš zabeležitelen neli )
Planiranata ruta (posle mali izmeni) e sledna:
Skopje-Belgrad-Nova Gradiška-Sisak-(Bled) Ljubljana-Villach-Lienz-Innsbruck-Garmisch Partenkirchen-Freiburg-Teningen
a na vrakjanje:
Teningen-Freiburg-Weil-Bazel-Lugano-Verona-Venecija-Trst-Umag-Dubrovnik-Tirana-Struga-Prilep-Skopje
Bidete site pozdraveni, pa se citame od 11-ti Maj natamu
zpal- Number of posts : 5
Age : 46
Registration date : 2009-02-10
Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
брат среќен пат ,да имате убаво време и ветер во грб... поздрави узпат сите шо ќе те пречекаат и праќај смс да знаеме како си и кај си !
Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
Среќен нека Ви е патот...убаво да си поминете ....и се надевам дека на враќање ќе ве пречекаме во Струга а после Ве носиме на ручек во Прилеп на ширдени прилепски )))
Simeon.S.- Number of posts : 57
Age : 53
Registration date : 2009-01-20
Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
Среќен пат и убаво време да ве прати .Се гледаме на Албанска граница на 10.05.2009. Поздрав и до Мими
Nikolce- Number of posts : 21
Age : 57
Location : BITOLA
Motorcycle : HONDA CBR 1000 F
Registration date : 2009-01-22
Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
samo na kratko da vi kažam deka sme dobri, prvata večer spievme vo Strmac- Nova Gradiška, a vtorata vo Ljubljana, vo zatvor
Sve e OK, sekade ne prečekaa odlično, imame i novi prijatelčinja...
Vremeto prviot den ne ni beše baš nakloneto, doždot ne sledeše do N.Gradiška, no koga veke stignavme, se pojavi sonceto i super beše...
Deneska prodolžuvame niz Avstrija do Germanija- Garmisch...
ako najdeme net, ke si pišeme
POzdrav do site i prenesete natamu...
Sve e OK, sekade ne prečekaa odlično, imame i novi prijatelčinja...
Vremeto prviot den ne ni beše baš nakloneto, doždot ne sledeše do N.Gradiška, no koga veke stignavme, se pojavi sonceto i super beše...
Deneska prodolžuvame niz Avstrija do Germanija- Garmisch...
ako najdeme net, ke si pišeme
POzdrav do site i prenesete natamu...
Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
Bravo za toa sto se javuvas ! Pozdrav do Mimi ,dobro vreme da ve sluzi i sreken pat ! Pa prva prilika kako i sto rece - pisi povtorno . Za vremeto ne si ja stegaj dusata,sekogas po dozdot idi
Nikolce- Number of posts : 21
Age : 57
Location : BITOLA
Motorcycle : HONDA CBR 1000 F
Registration date : 2009-01-22
Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
Па друштво неколкумина од нас сме со намера да одиме за Струга, т.е. на граничниот премин со Албанија во недела на 10.05.2009 за да ги пречекаме Бени и Мими. Да го искористиме денот а и да се видиме со нашите патници. Планот на Бени му беше некаде на пладне околу 15.00 да ја минат границата на тој дел. Тргаме од Прилеп во 10.00 од пред рекламите, потоа Битола на Лук Оил се чекаме со Николче и Соња и одиме лагано за Охрид и Струга. (доколку нема измени во планот кај Бени и Мими) Ако сака некој да не дружи ...повелеле!
Simeon.S.- Number of posts : 57
Age : 53
Registration date : 2009-01-20
Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
Idam se razbira a ke idi i Aleksandar so Yamahata enduro. E sega dali ke bidi "lagana "voznja ke vidime
ps.I da ima izmeni vo planot na Beni Struga se odi !
ps.I da ima izmeni vo planot na Beni Struga se odi !
Nikolce- Number of posts : 21
Age : 57
Location : BITOLA
Motorcycle : HONDA CBR 1000 F
Registration date : 2009-01-22
Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
Епа другари, еве, стигнавме синоќа точно на полноќ
На сите ви благодарам за бодрењето и убавите мисли...
Прекрасно си поминавме !
Кога стигнавем дома ми идеше само да си земеме чисти алишта и да продолжиме
Малку да си ги средиме сликите и импресиите, па ке ставиме едно репортче на форумов ...
Извинете за промената во планот, но во интерес на време моравме да ја смениме рутата и да си дојдеме преку косово.
Се гледаме следна прилика
На сите ви благодарам за бодрењето и убавите мисли...
Прекрасно си поминавме !
Кога стигнавем дома ми идеше само да си земеме чисти алишта и да продолжиме
Малку да си ги средиме сликите и импресиите, па ке ставиме едно репортче на форумов ...
Извинете за промената во планот, но во интерес на време моравме да ја смениме рутата и да си дојдеме преку косово.
Се гледаме следна прилика
Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
како за старт, за тие што се нестрпливи, качив неколку слики на суратликитап (демек- facebook) еве го линкот: https://www.facebook.com/album.php?aid=2010801&id=1106255372&l=36a9431d63
Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
Еве, после скоро 5 месеци, конечно успеав да најдам време и да склопам една репортажа за нашето патување...
Првичната рута претрпе некои промени, во интерес на наше растеретување и релаксирање, па неколку планирани дестинации беа оставени за следна прилика, но, силом прилике, некои и ги додадовме...
Па да почнеме:
Петок, 1-ви Мај 2009, 5 часот наутро... моторот веќе припремен и натоварен од претходната вечер, нестрпливо чека да го јавнеме и да го издуваме во наредните 10 дена (потајно ни подготвува едно “с’плајз”, ама отом-потом )
Тргнавме малку подоцна од планираното, па за малку го промашивме Бади, кој не чекаше на излез од Скопје за да не испрати (tnx Бади и сори што доцневме)
Прво застанување ни беше веќе кај наплатната рампа- Илинден (после х. Белви), застанавме за да ги облечеме кишните одела, како одевме накај Табановце, облаците беа се поцрни и пцрни, а и веќе имавме понекоја капка на визирите, па си рековме со време да си се спастриме... и да знаете дека не згрешивме...
само што ја поминавме границата (МК-СРБ) дождот се засили и упорно не пратеше низ клисурата на Јужна Морава.
Сабајлето тргнавме од Скопје само со кафе, па решивме да направиме пауза во Предејане, да се засушиме малку и да појадуваме
Лепиња со кајмак и чајче...
а надвор истура ли истура
После појадокот времето почна полека да се смирува, па си продолживме, незнаејки дека е тоа само едно мало “затишје пред бура”
После Ниш патот беше засушен, па за час стигнавме до Белград
Ни требаше добри 40-тина минути да го поминеме Белград, гужва- леле мајко, ама го поминавме и тоа.
Само што ја поминавме границата (СРБ-ХР) затишјето престана
Јак бочен ветер од десната страна, едноставно го поместува предното тркало 20-тина см. налево и за дел од секундата се наоѓаш во следната лента, а асфалтот мокар, врне... и тоа врне и грми, а го гледаш облакот само над автопатот , лево и десно од автопатот виножита и сонце
Требаше првата вечер да преспиеме во Сисак, но не успеавме да стигнеме до таму. Наместо тоа, Дарио и Ана (ги знаете де, оние што дојдоа во Мариово враќајки се од Јордан), не поканија да преспиеме во Нова Градишка, т.е. во излетничкото место Стрмац.
Така и направивме.
Само што се исклучивме од автопатот, се појави сонцето.
Не пречекаа во центарот на Нова Градишка и не однесоа во Стрмац, прекрасно излетничко место, каде локалниот мото клуб Диабло, секој 1-ви Мај организира хуманитарен собир. Секој си носи понешто за јадење, заедно го припремаат, јадењето се продава по симболични цени, а сите пари што ке ги соберат ги донираат во хуманитарна цел. Конкретно ние кога бевме таму, акцијата беше за лекување на едно детенце...
Итересно беше што требаше да преспиеме на некој таван, на сунгери, но кога локалните бајкери дознаа дека сме од Македонија, не сместија во една вила, која случајно или намерно е во сопственост на фудбалерот Звонимир Бобан ... што да расправам- плазма ТВ, камин, во дворот печењара...
Вечерта присуствувавме на забавата на МК Диабло... нови пријателства, муабети, пивце, чобанац... м,м,м... прекрасен завршеток на првиот ден од патувањето...

Last edited by dvormak on Fri Oct 02, 2009 7:43 pm; edited 1 time in total
Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
Сабота, 2-ри Мај... Утринско кафенце во дворот на клубската куќичка...
мало развозување по околината (прекрасно ! мора да се отиде пак!)...
Собравме парталите и се упативме преку Нова Градишка, првин до Сисак...
Во Сисак се видовме со Мргуд (Дејан), арно ама сликите од таа средба се кај него, нашиот апарат остана без батерии (резервните ги заборавивме дома)...
И така после паузата во Сисак и гужвата во Загреб, продолживме кон следното наше преноќиште- Љубљана.
Веднаш после граница (ХР-СЛ) се најдовме со екипата за дочек. Морам да напоменам- ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ !
Не пречекаа на граница, и не испратија до граница следниот ден... цело време со нас...
Не однесоа на прекрасна вечера...
(е како да не, само мото скопје знаело да се слика со ѓезме во кафана )
(од лево на десно: Матеја, Славица, Маус, Мими, јас и Марјан)
... не прошетаа низ Љубљана...
... вечерта не стрпаа на спиење во затвор …

Недела, 3-ти Мај...
... сабајлето не пречекаа на утринско кафе...
... не советуваа за понатамошното патешествие...
... не прошетаа до Бледското езеро...
(мојот неуспешен обид малку да го растеретам моторот )
... и не испратија до граница, до влезот на тунелот Караванке (долг скоро 8 км.)...
... се поздравивме и си ветивме дека повторно ке се видиме (а и се видовме во Мариово)... и се разделивме... тие назад накај Љубљана, а ние низ тунелот во Австрија...
Австрија е многу убава за возење, поготово со мотор. Планираната рута преку Алпите, во консултација со пријателите (почеток на Мај е премногу рано за алпските патишта), ја заменивме со автопат, но и по автопат беше доста интересно и живописно...
Понекоја кратка пауза на одмаралиштата покрај автопатот, инаку опремени со тоалети со автоматски системи за пуштање на вода во вид на водопад, све во склоп со природата... едноставно не се опишува, туку мора да се доживее таков начин на вршење нужда
И така, додека си разгледуваш наоколу, одеднаш сваќаш дека веќе не си во Австрија, туку во Германија...
... веднаш поинаква природа, колони на автопатот, сите возат константно 120 км/ч...
... налетуваш и на понекој колега- моторџија, па си мавтате ...
Интересно беше, што малку залутавме Се исклучивме од автопатот и продолжуваме по “ландштрасе”. Арно ама, рутата што ја извадив од интернет ги имаше помешано местата низ кои што требаше да поминеме, па така место нагоре, на планина, не однесе надоле, покрај едно интересно езерце (кое ли да беше )
Ај што залутавме, ама кого и да прашаш незнае да те упати...
На крај застанавме на една бензинска пумпа и муабетот со дечкото што работеше таму, се одвиваше вака:
(јас)- Здраво дечко, да те прашам дали патов води накај Гармип-Партенкирхен?
Типчето молчи, ме гледа ко теле...
(јас)- извини, ме разбираш, зборуваш германски?
(тој)- да да, те разбирам, ама не ми текнува... како го рече местото?
(јас)- Гармиш-Партенкирхен
(тој)- незнам, не ми текнува ко е тоа место...
(јас)- алооо, врвот Цугшпице, ски центар, една од најпознатите ски скокалници во светот...
(тој)- не ми текнува... чекај девојка ми да ја прашам...
Ја вика девојкава и еве ја таа (плавуша )
(таа)- кажете?
(јас)- здраво, прашувам за пат, како да стигнам до Гармиш-Партенкирхен?
И кај нејзе ист случај... ме гледа ко теле... туку одеднаш се врти накај дечково
(таа)- абе како се викаше местото кај што бевме лани на зимување?
(тој)- аааа, да да, тоа е...
Мене во меѓувреме му превре, па незнаев на ова дали да се смеам или да плачам...
(тој)- ааа, сте ја утнале, ке треба да се вратите назад едно 70 км. па на кружниот тек првата десно...
И така, да скратам малку, се упативме натаму, во меѓувреме уште на 2 места утнавме, важно на крај стигнавме кај што требаше - Гармиш-Партенкирхен, населбата Граинау каде што беше нашето хотелче...
и веднаш спроти прозорот, познатата ски скокалница (чиниш секој момент некој скијач ке ти улета низ џамот )
Вечерта малку шетање, јадење (во ресторанче кое на менито имаше, верувале или не- Ајвар ) и на спиење...

Понеделник, 4-ти Мај... Врне...
Се натоваривме на моторот и на искачање еден чичко ми вели- Ееее, во вакви моменти човек посакува да вози кола, нели? ... а јас му викам- Не, зошто?...
ми вика- Па врне... а јас – Па што ако?
Го оставивме така чудејки, и си продолживме по патот со облаците...
Се прошетавме малку низ Гармиш-П. многу интересно и живописно градче... јес да врнеше, ама што има везе...
И така си продолживме кон следната дестинација- Тенинген...
Арно ама... дојде волкот и ја изеде Црвенкапа ... мала шала...
Значи, арно ама, моторот баш тој ден реши да ни го приреди своето с’лплајз
имавме 5 убави прилики да се запознаеме со техниката на Kawasaki и на крајот на денот, точно на пола пат до Тенинген, во едно мало градче на Боденското езеро, кутрото тоа испушти душа. За иронијата да биде поголема, тоа се деси пред вратата на еден автосервис (Autohaus Osvald), арно ама, 9 часот навечер и никаде живо пиле.
Силом прилике останавме таму да преспиеме... во хотел Штркче

Вторник, 5-ти Мај... Сабајлето станавме рано, појадував на брзина и веднаш се упатив до сервисот да си го поправам моторот и да продолжиме по патот.
Луѓето беа и повеќе од љубезни, ми го ставија на располагање целиот потребен алат. Бргу си завршив знаејки точно што е проблемот- Свеќицата.
Матеја уште во Љубљана ми нудеше клуч за свеќици, ама јас (глуп) не го земав, мислејки да си купам еден за мене во првата Louis продавница што ке ја сретнам... ама до тогаш не сретнавме ниедна
Како и да е, завршивме работа, го оправивме моторот и продолживме кон Тенинген...
Патот водеше покрај изворите на реката Дунав и Фрајбург...
И конечно до Тенинген, во седиштето на фирмата MRA, кои беа многу загрижени за нас, бидејки бевме најавени дека ке стигнеме претходниот ден
Се сместивме близу до Тенинген, во едно мало местенце по име Малтердинген, имаше и мало езерце и бања, а дворовите на куќите... што да раскажувам... како од бајка...
После прошетката, следеше заслужениот одмор со пивце и вечера...
... дојде келнерот и се заборави местејли прибор за јадење...
После вечерата, повторно на мала прошетка, колку да ни спадне јадењето...

Среда, 6-ти Мај... Се собравме сабајлето и правец- Ваил ам Маин, во продавницата на Louis...
Окапавме таму, како Алиса во земјата на чудата
Земи ова, земи она, и додека трепнеш имаш 2 торби повеќе... како ли да ги сместиме сега?
Се сместивме некако, и правец- Швајцарија...
Искачаме на граница од Германија, и на влез во Швајцарија, полицаецот стои на страна со рацете во џеб и само ги гледа колите како поминуваат. Застанувам јас на страна...
(тој)- Што застана?
Ги вадам пасошите од џеб му ги покажувам и му велам: Господине, ние сме од Македонија, треба да имаме виза за да влеземе во Швајцарија, па земете ги пасошите, погледнете...
(тој) Дечко ај не ми прави гужва, вози понатаму
Бреееј, човек да не можел да се пофали со пасошот... ц,ц,ц
Швајцарија ја поминавме цела во истиот ден, од север кај Базел, до југ кај Лугано...
Сакавме да поминеме на алпскиот премин Готард, ама временските услови на преминот беа премногу лоши, на подножјето имаше предупредувачки табли, па место тоа поминавме низ 17 км. долгиот Готард тунел... за мене најлошо мото-искуство досега
Попладнето стигнавме во малото место Брусимпиано, на езерото Лугано, но од Италијанската страна.
(во позадина се гледа хотелот во кој бевме сместени, 4****, а само 49 € вкупно за двајца вклучувајки појадок )
Вечерта излеговме да јадеме (а што би друго кога сме веќе во Италија) пица, а за десерт...

Четврток, 7-ми Мај... Ух... ужасен ден... прв и последен пат возам мотор на автопат во Италија... СТРАШНО !!!
Се довлечкавме некако и до Венеција. Се сместивме во хотел Виена... се наоѓавме во Венеција, во хотел Виена, со газди- Кинези :lol
Фативме автобус (за тој ден ми беше преку “таквото” од возење мотор) и се упативме кон стариот град (за некое чудо, сеуште не потонал сосема )
Убаво, интересно доживување е да се шета по лавиринтите од сокаци и мостови, но не беше баш она што го очекувавме... некако го имаше изгубено оној шарм што го пропагираат сите... преголема гужва, кинези насекаде, па дури и гондолиерите веќе не се тоа што некогаш биле (кинези и африканци )…

Петок, 8-ми Мај... Се упатуваме, овојпат по локални патишта, низ разни мали места, околу Трст, и конечно до оној дел од патувањето кој најмногу го очекував- Јадранската магистрала...
Стигнуваме во Умаг околу пладне... прекрасна релаксирана вожња, а после сместувањето во апартманите на одмаралиштето Стела Марис, ни остана и време да попливаме во студените северни Јадрански води... бррррр...
Вечерта ги дочекавме Трте и Јоцо и заедно присуствувавме на првата вечер од мото собирот на МК Стааари Рокери од Умаг...
Поторно се сретнавме и со Матеја...
... а запознавме и многу нови пријатели...
(дел од еротското шоу )

Сабота 9-ти Мај... Се успавме и тргнавме тек околу пладне. Планирана дестинација ни беше Дубровник, но едвај стигнавме до Сплит. Како и да е, уживавме возејки по Јадранската магистрала...
...сонцето грее (но не беше премногу топло), немаше гужва, асфалтот загреан, гумите исто така... лепат како селотејп... а кривинките само те мамат да го легнеш моторот се подоле и подоле... додека не стругнат ногарките на асфалтот...
По пат застанавме во Црквеница, да се видиме со Зец, Никола и Дамир (колку што се сеќавам слики има Зец, а и Никола понекоја, ке ги замолам да ги додадат тука), а прошетавме и низ Задар, уживајки во прекрасните, смирувачки звуци на водените оргуљи...
Продолжуваме понатаму...
Во Сплит стигнавме во 9 навечер, најдовме сместување и веднаш на спиење...

Недела, 10-ти Мај... 5 часот наутро, моторот веќе натоварен, ние подготвени, се качуваме и врррммммм.... накај дома...
Апаратот повторно не извиси додека поминувавме низ прекрасните пејсажи покрај реката Неретва (мала Венеција), но некако го оправивме во Црна Гора...
Паузата за ручек ја правевме во Сутоморе, во мото-кампот Lloyd и јадевме “чудеса од меса”
беше прекрасно, па моравме и малку да се “осолиме” во морето
Некаде попладне, после 4, го јавнавме моторот и продолживме накај дома, првин по клисурата на Морача...
Кај Рожај не фати дожд... на планинскиот премин пред граница (кон Печ) на фати и малки снег... во Печ веќе ни се стемни... пред Приштина на една бензинска поигравме и малку фудбал... и конечно (откако замалку карши Кастм Паб ке не собереше еден дедо со Лада Самара), точно на полноќ, стигнавме дома...
За 10 дена поминавме 10 држави (11 со се Косово), точно 4053 км., 5 пати го расклопувавме моторот, сменивме 2 свеќици, запознавме мнооооогу нови пријатели, се видовме и со мнооогу стари пријатели (за жал неколку промашивме, ама здравје, секогаш постои следна шанса), поминавме низ 4 годишни времиња (сонце, дожд, ветер, снег, грмотевици), возевме по секакви патишта, брзо и споро... ни еден миг не ни беше досадно, заморот што на моменти го чувствувавме беше сладок... и првата следна прилика, повторно би се впуштиле во ваква авантура !
До следната вожња...

шо да се каже на ова
екстра брат и може да ви завидуваме дур не се стаиме и ние у слична мото-вожња
екстра брат и може да ви завидуваме дур не се стаиме и ние у слична мото-вожња
Re: Skopje-Teningen-Skopje, malku odokolu...
конечно, после година и кусур, се докопав до сликите од Црквеница со Зец, Никола и Дамир
Page 1 of 1
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum