Moto Touring Macedonia
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Мото-совети и поговорки...

Go down

Мото-совети и поговорки... Empty Мото-совети и поговорки...

Post  dvormak Wed Jul 15, 2009 4:17 pm

1. Секоја вожња е доброволна, а секое застанување е неминовно

2. Ако го гурнеш гиданот лево- моторот оди лево, ако го гурнеш гиданот десно- моторот оди десно... ако продолжиш со гурањето лево или десно- моторот оди доле

3. Возењето мотор не е опасно, паќањето од мотор е опасно

4. Подобро е да си на тротоарот посакувајки да си на улица, отколку да си на улица а да посакуваш да си на тротоар

5. Единствена ситуација кога имаш премногу гориво, е кога гориш

6. Кога си несигурен- успори, никој никаде не се мавнал премногу бавно

7. Задното тркало на моторот е вентилатор кој ти го лади и релаксира газот... стисни нагло на задната кочница и вентилаторот запира, е тогаш почнува газот да ти се поти и стега

8. Добра вожња е онаа од која што можеш да си одиш, а одлична е онаа после која повторно можеш да се возиш

9. Учи од грешките на другите, нема да доживееш доволно долго да ги направиш самиот и да учиш од своите

10. Кога во првата лева кривина почнуваш да гребеш- знаеш дека си го заборавил страничниот штендер, а кога убацуваш во 1-ва, стигнуваш до 4000 обртаи и не одиш никаде- е тогаш си го заборавил централниот штендер

11. Никогаш со моторот не оди онаму каде што умот не ти бил 3 секунди претходно

12. Има 2 едноставни правила за глатко и брзо возење по снег и мраз... за жал никој не ги знае тие 2 правила

13. Возењето мотор го почнуваш со полна вреќа среќа и празна вреќа искуство... трикот е да ја наполниш вреќата со искуство пред да се испразни онаа со среќа

14. Ако во ретровизорот гледаш искри и чад, а совозачот ти вришти... работите не ти се баш како што ги замислуваше

15. Во битката меѓу објекти направени од метал, пластика и фиберглас кои возат повеќе од 200 км/ч и земјата која вози 0 км/ч, сеуште земјата победува...

16. Добрата реакција доаѓа од искуство, за жал искуството се стекнува со учење од лоши реакции

17. Внимавај наоколу, секогаш има нешто што си пропуштил

18. Нај неважни и непотребни работи за моторциклистот се растојанието на кочење позади него и поминатите 9/10 (девет десетини) од секундата

19. И за крај запомни: Гравитацијата, Инерцијата и Центрифиралните сили не се само добри идеи, тие се закони... без право на жалба !
afro
dvormak
dvormak

Number of posts : 141
Age : 50
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Back to top

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum