Moto Touring Macedonia
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Практични Вежби

Go down

Практични Вежби Empty Практични Вежби

Post  Simeon.S. Wed Oct 14, 2009 3:56 pm

Полигон основни вежби
Во самите почетоци на управување неопходно е да се запознае својот моторцикл, неговите собини и одесување во управувањето, односно неговите и сопствените можности. Да би можеле правилно да реагираме во критична ситуација, мораме да знаеме како нашиот моторцикл би се однесувал во тие ситуации. Секако тоа ќе го постигнеме единствено со вежби и вежбање.
Пронајдете некоја адекватна површина на која би можеле несметано да вежбате. Како пример, полигоните на автошколите, аеродромска писта која не е во користење, поголеми паркинг места и сл.
Откако ќе го најдете просторот кој ви одговара за вежбање, истата потребно е да се обележи или да се маркира и да се прилагоди на вежбање.
На полигонот ќе се симулираат разни состојби на подлога, односно услови и настани со кои моторциклистите најчесто се среќаваат во возењето.
Следните вежби потребно е да се изведуваат се додека не се здобиете со вистинска сигурност, а добро би било и да се повторуваат од време на време, посебно пред почетокот на сезоната на активно управување или после подолг период на отсуство од возење.

Возење по линија и нагло забрзување

ЗОШТО ??
Оваа вежба е важна за задржување на правецот на движење, добивање на чувство за силина на моторциклот и за совладување на истиот при нагло додавање на туража.

КАКО??
На полигонот нацртајте права линија со ширина од 30 – 50 см. Должината на трасата треба да биде минимум 50 метри. Управувајте го моторциклот во различни брзини и мастојувајте да го задржите правецот на движење, без да излезете од зададената линија. Повторете ја вежбата постапно и се повеќе на туража-гас, односно се повеќе и поексплозивно убрзување.

Возење во круг

ЗОШТО ??
Со оваа вежба ја запознавате можноста на нагибот односно аголот на моторциклот

КАКО??
Поставете полу полно пластично шише од 2 л. или на друг начин одбележете го средиштето на замислената кружница. Возете во круг околу средиштето неколку пати во секоја насока со внимателно дозирање на туражата, постепено смалете ја големината на криговите со зголемување на нагибот, аголот на навалување на моторицклот. Подлогата, теренот не смеете да ја допирате со нога.
Повторете ја вежбата, али овој пат одржувајте го радиусот, односно големината на кругот константен зголемувајќи ја брзината и аголот на нивелација – навалување на моторот.


Осумка


ЗОШТО??
Оваа вежба овозможува спознавање на можностите на нагибот на нивелација –навалување на моторот, го подобрува чувството на дозирање на туража – гас и го усовршува моментот на промена на смерот на движење.

КАКО??
Поставете ги осумките како на сликата.
Практични Вежби Clip_i12


Возете околу поставените ознаки. Прво големите осумки, во широк лак, а подоцна постепено намалете ги зголемувајќи го аголот на навалување на моторот. Полигонот (тлото) не смеете да го допрете со нога. Како и кај возењето во круг, повторете ја вежбата одржувајќи го радиусот, односно големината на осумката, константен, зголемувајчи ја брзината и аголот на навалување на моторот.

Сопирање- кочење на момент односно итно


ЗОШТО??
Со оваа вежба се учи дозирањето на системот за кочење, да се почувствува прослизгувањето и да се искоритат во целост, максимално да се скрати патот на сопирање.

КАКО??
Вежбата се изведува одвоено, прво за предното тркало/кочница, потоа за задното, потоа заедно, па комбинирано. Брзината со која го започнувате кочењето треба постепено да ја зголемувате, но во никој случај не треба да се претера. Имено, готово како и да нема разлика во однесување на моторциклот кога се блокирани тркалата при 50 и 150 км/h. Системот за кочење треба постепено да се притиска, не смее да се зграбчи предната кочница, ниту пак да се притисне целосно на задната кочница. Доколку предното тркало блокира, отпуштете ја кочницата доволно онолку колку тркалото да престане со прослузгување и повторно притиснете ја. Доколку блокира задното тркало, кочницата немој да ја пуштате ако задното тркало ви е осетливо избегано во страна.
Целта е да се почувствува моментот кога тркалото блокира, односно да се држи кочницата притисната до таа мера на предблокирање и тркалото до прослизгување. Таа критична точка ќе ја почувствувате после подолг период на вежбање. Кога кочите со обете кочници истовремено, во моменти на поголема брзина поголем притисок односно кочење на предниот систем за кочење, а послабо со задниот систем. Како брзината се намалува, го намалувате притисокот на предниот систем за кочење и го зголемувате на задниот систем за кочење.

Префрлање на тежиштето и избегнување на препреки со промена на правецот на движење


ЗОШТО??
На овој начин го увежбуваме префрлањето на тежиштето и избегнување на препреки на патот, односно правилна реакција доколку се појави препрека.

КАКО??
Доколку вежбате префрлување на тежиште, обележете го полигонот како што е прикажано на сликата. За вежбата на избегнување на препреки, со почетна и завршна маркација, поставете само една централна маркација, не 5 (пет) како на сликата.

Практични Вежби Clip_i13

Вежбата за префрлање на тежината започнете ја при првата макрација и континуирано, без да го вознемирувате моторциклот, глатко и смирено, заобиколете ги сите 5 (пет) препреки постапно зголемувајќи ја брзината.
Вежбата за избегнување на препреки започнете го со влегување од другата насока поради избегнување на препреките при враќањето потоа. Постапно подоцна сите влезови и враќање правете ги побрзо. Тоа ќе го постигнете со поместување на почетната и крајната маркација која сте ја поставиле пред првата и после крајната препрака на правецот. Не правете непредвидливи и невнимателни движења. Моторциклот секогаш мора да го имате под апсолутна контрола.
На крајот, повторете ја вежбата за избегнување на препреки но овој пат пред влезот во смерот на движење закочете веднаш. Откако со кочењето ќе ја прилагодите брзината, отпуштете ја кочницата и веднаш потоа започнете ја обиколката на препреката. Постапно зголемувајте ја брзината и интензитетот на кочење. Немој да го вртите тркалото додека сте во фаза на кочење – моторциклот мора да биде исправен цело време до задниот момент.

Симулација на лоши услови за управување на моторцикл


ЗОШТО??
Со оваа вежба ќе се стекнете со контрола на моторциклот кога го управувате на лоша подлога-пат.

КАКО??
На тој начин што ќе ги симулирате условиите на површината која сте ја одбрале за вежбање (на пр. истурете вода), вежбање на полигон во одредено време (на пр. возење ноќе) и/или за површина одберете ја онаа која ги има тие услови (на пр. нерамен полигон со вдлабнатини)
Со максимално внимание, вежбајте ги претходните вежби на влажна подлога, рано насабајле кога е оросено, по магла и ноќе, на прашлива површина, површина прекриена со трева и лисја, каллива површина како и на подлога посипана со песок и ситни камчиња – ризла.

Немој да бидете мрзливи да ги изведувате овие вежби - колку и да ви се чинат досадни, можат да ви го спасат животот. Вежбајте во парови, клубови, вежбајте заедно со некој друг на тој начин ќе биде позабавно..
Simeon.S.
Simeon.S.

Number of posts : 57
Age : 53
Registration date : 2009-01-20

Back to top Go down

Back to top


 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum