Moto Touring Macedonia
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Две сестри во поход за промена на светот- на мотор

Go down

Две сестри во поход за промена на светот- на мотор Empty Две сестри во поход за промена на светот- на мотор

Post  Zuty Wed Nov 18, 2009 12:54 pm

Во далечната 1916 Августа и Аделин Ван Бурен не беа само обични девојки од соседството. Сестрите потомци на бившиот претседател Ван Бурен, беа првите жени кои се обидеа да извозат со моторцикли од западниот до источниот брег на САД, што во тоа време не преставуваше лесна задача. Но тоа не беше само безбрижно возење од забава, тие беа во мисија да докажат дека жените се многу поспособни од улогата која што ја добиваат во општеството.

Две сестри во поход за промена на светот- на мотор Vanburen_sistersd
Две сестри во поход за промена на светот- на мотор Vanburen_sisters0

Гуси и Ади сакаа да докажат дека и жените можат успешно да се прикључат во воените сили во Првата Светска војна. Успехот на нивната мисија би докажал дека жените можат да придонесат во одбраната на земјата и воедно да го добијат оспоруваното право на глас.

Две сестри во поход за промена на светот- на мотор Vanburen_sisters4b

Патувањето започна
На 14 јули 1916, тргнуваат од Шипсхед Беј во Бруклин и идат западно низ Чикаго и Омаха на нивните Индијан Повер Плус моторцикли. Во тоа време едни од најдобрите постоечки моторцикли, но 93 години наназад моторциклите беа многу посирови, опасни и неудобни машини. Фактот дека патуваат исклучиво на неасфалтирани патишта сигурно додава на тежината.

Западно од Чикаго се запирани и уапсени повеќе пати. Не поради брзо возење. Туку поради носење машка облека! Додека патуваат низ Колорадо решаваат да ги направат нештата уште повозбудливи така што се искачуваат на Врвот Пајкс , 4300метри висока планина која никогаш пред тоа не била искачена со возило. Ниту автомобил ниту камион
После преживеани многу паѓања, кршења, дупки со кал, дехидрација и неподршка во различна сфери и контексти, конечно пристигаат во Сан Франциско на 2 септември 1916. Незадоволени од своето патување продолжуваат кон Лос Анџелес и по должината на Мексичката граница го заокружуваат патувањето.

Две сестри во поход за промена на светот- на мотор Vanburen_sisters2b
Две сестри во поход за промена на светот- на мотор Vanburen_sisters5b

Горчливо пристигање
По завршетокот на феноменалното патување сепак апликацијата за прием во Армијата на САД на Аделина е одбиена. Аделина го завршува правниот факултет , а Августа станува пилот, летајќи со 99’-ките женска летачка група основана од Амелија Ерхарт.

Овие релативно непознати херои можеби не знаеле на времето, но одиграле значајна улога во движењето за права на жените. И тие тоа го направија на старомодниот начин низ вистинска прашина и посветеност.

Нема возило за поддршка, ЏПС, мобилни телефони, компјутери, сосема малку асвалтирани патишта, без официјални сервисери и ТВ екипи.

НЕКОЈ СПОМНА АВАНТУРА?????


Малку за моторите тоа се Индиан ПоверПлус 1000 кубика 42 степена В-твин мотор со максимална брзина од 100км/ч се произведуваше со мали измени до 1924 година како роудстер и тркачка машина.

Zuty

Number of posts : 9
Age : 54
Registration date : 2009-10-03

Back to top Go down

Back to top

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum