Ремонт на предница во 100 слики
Page 1 of 1
Ремонт на предница во 100 слики
Една од поважните работи на моторциклот е амортизацијата, без квалитетна амортизација управливоста е рамна на детски точак со додаден мотор од 50 и повеќе коња ова се однесува на постари моторцикли или на моторцикли со повеќе од 40000км кај кои не е ремонтирана суспензијата. За сите заинтересирани еве како отприлика изгледа ремонт на предницата.
Отстранете го штрафот на осовината на предното тркало(нормално моторот нека биде на централниот штендер така да предното тркало ја допира земјата)
Отстранете го и штрафот од другата страна што ја држи осовината
Сеуште не ја вадете осовината нека остане се додека не ги олабавите штрафовите што ја држат предните амортизери во трокутот.
Олабавете ги штрафовите од трокутот(стегачите на предните амортизери) само горните!
Истото направете го и од другата страна исто така горниот штраф.
Отсранете го корманот(гиданот или како и да го викате)
Извадете ги капачињата што сlужат како заштита на поклопецот на амoртизерите.
Сега ни е пристапен поклопецот на амортизерот кој е заглавен со кружен осигурач(кај некои мотори тој е во вид на завртка и се навртува во амортизерот.
Внимателно притиснете го поклопецот и извадете го осигурачот(внимавајте да не отпуштите од еднаш затоа што тој ги притиска федерите и може да одлета како исфрлен од катапулт)
Вака изгледаат извадени
Сега можете да ги извадите и федерите а можете и подоцна кога ќе ги извадите амортизерите од трокутот.
Отстранете ги кочниците од предните вилушки.
Сега можете да го отстраните и предното тркало и да ја извадите осовинката(подметнете дигалка или во мојот случај гајба под моторот со што ќе го одделите предното тркало од земјата и ќе добирте стабилно лежиште)
Отшрафете го браникот од предните амортизери
Сега олабавете ги и штрафовите од долниот трокут и извлечете ги амортизерите.
Внимателно сеуште се полни со масло во нив, исцедете ги во спремна посуда .
Отставете ги да се исцедат добро.
Е сега ви нема спас, моторот ви изгледа вака.
Кога сте веќе тука не е лошо да се проверат и подмачкаат лагерите на осовината на трокутите.
Извадете ги иструментите од држачите на горниот трокут
Отшрафете го и горниот трокут
Извадете ја бравата закачена на горниот трокут за да можете слободно да го извлечете.
Целосно изваден време му е за фарбање...хеххе
https://2img.net/r/ihimizer/img34/2593/dsc00080ji.jpg " alt="" />
Отстранете го и резервоарот ако тоа не сте го направиле претходно
Моторот ви е сега ваков...хихихи
Отстранете го фарот иструментите и жмигавците.
За да дојдете до лагерите отштрафете го држачот-штрафот на осовината
По отстанувањето на горниот лагер и шајбната можете да ја извлечете осовината со долниот трокут.Проверете ги лагерите од оштетување,исчистите ги добро од старата маст и нанесете нова маст темелно
Истото и на горниот лагер
Конусните лагери ретко страдаат поиздржливи се и поскапи од обичните лагери(кои за жал сеуште некои од произведувачите на моторцикли ги ставаат како поефтина варијанта од фабрика)
Први страдаат лежиштата на лагерите така да ако има вдлабнувања на нив, потребно е да се сменат, ако се во добра состојба подмачкајте ги .
Ако е се ОК можете да ги вратите трокутите на нивно место. Затегнете ги прво посилно за да легнат во лежиштето(неколку пати свртете ги лево десно) а потоа попуштете се додека не добиете рамномерно и релативно лесно движење на трокутот од лево на десно.
Предното тркало е извадено проверете ги лагерите, ако не се одамна сменети, сменете ги. Од десната страна на тркалото се гледа таканаречен “српски кључ” т.е. чекан тој е најчесто доволен алат за сите ваши проблеми со моторот....!
Симнете ја кошулицата на едниот лагер за да можете да го подизвадите...тешко дека ќе можете да го избиете од лежиште додека е и другиот лагер на своето место(помеќу нив има дистанцер кој не дозволува лесен пристап)
Со малку убедување на француски јазик!
Сега извадете го и дистанцерот за да го избиете другиот лагер
Убаво исчистете и лесно подмачкајте го лежиштето предходно оставете ги новите лагери во замрзнувач преку ноќ за да полесно ги ставите во лежиштето кое можете и да го загреете на плинско решо за кафе или со бренер ако имате за да се рашири и полесно за да влезе новиот лагер(замрзнатиот!) убедете го лагерот дека е подобро за него да влезе на место...
Употребете го и стариот лагер да потчукнете за да целосно легне новиот
И еве го...
Истата процедура и за другиот лагер, не заборавајте да го ставите дистанцерот помеѓу!!!!!! И подмачкајте ги лесно од надвор.
Сега назад кај амортизерите , одрштрафете го штрафот на дното на амортизерот за да можете да ги оделите внатрешните цевки од надворешните
Извадете го дамперот на масло(регулатор на повраток на компресијата на амортизерот)
Извадете го осигурачот на семерингот
Со силно потегнување оделете ги цевките една од друга за ова ви треба менгеме, користете го упатсвото за поправање на мотороциклот за коректна процедура затоа што постапката се разликува од моторцикл до моторцикл(користете го обилно вашето познавање на францускиот јазик и повикајте се на Македонското божество Веди)
Е сега со новите набавени делови( семеринзи,шајбни, тефлонски и бакарни пиксни како и дополнителни потрошни делови и масло) пристапете кон составувањето
Сменете го пластичното прстенче на дамперот
Тефлонские пиксни, препорачано е кај повеќето моторцикли да се менуваат заедно со семеринзите, за шал тоа кај нас не се практикува???? Демек нема везе ..Не знаат јапанците...можело и без тоа...
Долната
И горната
Склопете го дамперот и заштрафете го назад на местото од каде го извадивте
Наместете го семерингот на внатрешната цевка и подмачкајте го лесно од надвор.
Притиснете го до неговото лежиште во надворешната цевка и со помош на цебка со приближно негов дијаметар натиснете го да легне целосно во лежиштето
Ставете ја шајбната и осигурачот
Ставете масло во вилушката спрема количината и вискозитетот пропишана во упатсвото за моторот. Кај мене ставив масло 15w на 145мм од врвот на целосно потисната вилушка без федери во неа.. додека ставате масло на неколку пати пумпајте за да влезе маслото секаде и за да правилно ја дозирате количината на масло.
И федерите..во мојот случај нови прогресив федери.
Натиснете го поклопесот или штрафот во внатрешните цевки, ставете осигурачот и тоа е тоа...
Е допрва сега ве чека работа...све да вратите на место по обратна постапка..
Благодарам за вниманието....!!!!!!!!!

Zuty- Number of posts : 9
Age : 54
Registration date : 2009-10-03
Page 1 of 1
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum