Moto Touring Macedonia
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Кампања за безбедност на моторциклистите на патот

5 posters

Go down

Кампања за безбедност на моторциклистите на патот Empty Кампања за безбедност на моторциклистите на патот

Post  Simeon.S. Mon Feb 23, 2009 12:38 am

Кампања за безбедност на моторциклистите на патот во Република Македонија поттикната од Здружението Гардиан Енџелс.

Кампања за безбедност на моторциклистите на патот Maicka12

Со оглед а тоа што во сите земји нивото на свеста е веќе подигнато во однос на сообраќајот, преку разно разни кампањи и организации, Здружението Гардиан Енџелс ја отпочна својата кампања за поттикнување на свеста на сите учесници во сообраќајот во однос на моторциклистите. Главното претставување на кампањата ќе биде на Мото Турата Мариово 2009 како и предхотно преку медиумите.
Сведочењата на многуте сообраќајни незгоди кои се случуваат на нашите патишта во кој страдаат моторциклистите не поттикна да ја поткренеме оваа кампања на територијата на Р.Македонија.
Најчестите случаеви се одземање на предноста, невниманието, неискуството на возачите или едноставно “его“. За жал во многуте случаеви сето се сведува на извештаите во кои како главна причина стои “неприлагодена брзина спрема условиите на патот“! Но дали е тоа така?!
Па еве една мала порака до возачите и учесниците во сообраќајот,како и потсетник дека и ние сме дел од сообраќајот!

Поради својата големина моторите изгледаат дека се движат побрзо од нивната реална брзина. Кога се прави преглед на сообраќајот при приклучувањето во истиот, или на раскрсница, потребно е да се претпостави дека моторциклот е поблиску од тоа што изгледа. Моторциклистите обично ја подесуваат својата положба во сообраќајот да бидат лесно забележливи и да ги намалат ефектите на ветерот, површината на коловозот и возилата со кои се разминуваат. Треба да се разбере дека моторциклистите ја поставуваат својата позиција со цел, а не да би биле безобзирни или да би позирале.
Поради својата големина, моторциклот може лесно да биде сокриен од предмети кои се најдуваат во внатрешноста на автомобилот или надвор, како што се вратите на автомобилот, огледалата, патниците, растенијата покрај патот, оградите, мостовите, слепите точки итн.
Потребен е екстра момент низ рутината да би го провериле добро сообраќајот, дали само го менувате правецот на движење од лента во лента или го менувате правецот на раскрсница.
Огледалата на моторициклите се помали и се обично конвексни, со тоа на моторциклистот му даваат помала слика на тоа што се случува позади него. Одржете најмалку три до четири секунди растојание доколку се најдувате позади моторциклист.
Растојанието за сопирање за моторицклот е скоро исто како и за автомобилите, но лизгавите коловози го отежнуваат брзото сопирање и создаваат потешкотии при истото. Дозволете му на моторциклистот поголемо растојание затоа што секогаш нема да може да застане “на линија“.
“Погледни Два пати, Спаси Живот“ е кампања на Здружението Гардиан Енџелс- моторциклисти ентузијасти, за подигнување на јавната свест која се однесува на сите учесници во сообраќајот и фокусот е на превенција и намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои жртви се моторциклистите во Р.Македонија. Нема да ја наведуваме страшната бројка добиена од анализата на предизвикани и случени сообраќајни незгоди во кои се жртви моторциклистите, но аналитички од 2002 до денес истите се зголемени за 50 %. Секако тоа е и поврзано со зголемениот број на моторцикли кои се учесници во сообраќајот.
Ние сме само дел од сите оние многу моторциклисти ентузијати во Р.Македонија. Македонија има многу километри на убави патишта со преубав поглед, и автомобилите и моторциклите треба подеднакво да внимаваат едни на други. Управувањето на моторцикли станува се повеќе популарно, и поради тоа е зголемен бројот на сообраќајни несреќи. Поради тоа Здружението Гардиан Енџелс ја поттикнува оваа кампања за подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот “ ПОГЛЕДНИ ДВАПАТИ, СПАСИ ЖИВОТ“. Нашата цел е да се увериме дека сите учесници во сообраќајот низ нашата убава држава ќе погледнат два пати секој пат кога се во сообраќајот ради моторциклистите а со тоа ќе сочуваат и спасат животи, а посебно за време на летната сезона.
Дали е познат бројот на моторциклисти кои управуваат на нашите патишта? Не. Секој дневно се продаваат и купуваат мотоцикли. Но докажан е фактот дека учесниците во сообраќајот-автомобилистите се навикнати да внимаваат на други автомобили, но не и на моторциклите. Моторциклот е само една третина од големината на еден автомобил, а со тоа се потешко забележливи. А како и врв на сето тоа, потешко е да се направи точна проценка на брзината и растојанието на моторциклот. Доколку ние можеме да ја зголемиме свеста и препознавањето на учесниците во сообраќајот, со тоа би го намалиле бројот на сообраќајни незгоди. Поради тоа, следниот пат кога ќе забележиш моторциклист, помисли на тоа неколку секунди, со тоа ние ќе ги направиме нашите патишта побезбедни за сите!

Внимавај Моторцилист на патот – Активно внимавај на моторциклисти додека го управуваш возилото. Густиот сообраќај или скриените раскрсници можат да ви го намалат видното поле кое може да ја намали вашата способност да забележите моторциклист на патот. Запомни моторциклот е многу помал од другите возила, затоа потребно е да внимаваш на целата околина, константно.

Предвиди ги опасностите за моторциклистот – Имај го на памет моторциклистичкото гледиште. Бидете спремни да реагирате на слабите услови на коловозот, како што се одрони на патот и маслени наслаги, железнички премини или подигнати или отворени капаци на одводот на патот.

Секогаш погледни два пати за моторцилисти – Возачите потребно е да бидат посебно внимателни при раскрсниците и кога го менуваат правецот на движење во лево-свртување. Во тие случаи се имаат случено најголем број сообраќајни несреќи. Според тоа уверете се дека вашето внимание и преглед е на обете страни на патот заради моторцилистите.

Сподели го коловозот – Запомни дека секој учесник во сообраќајот, и моторциклистите го имаат тоа право да го користат во целост коловозот со цел да менeврираат да би избегнале разни опасности на истиот. Покажете им почитување на моторциклистите со тоа што ќе се држите на безбедно растојание. Споделувањето на коловозот ќе спаси животи.

Во името на Здружението Гардиан Енџелс и мое лично име, јас би сакал секој да се стекне со навика да внимава на моторциклистите на нашите патишта. Не е само моторцикл тоа што го гледате, вие гледате во личност. Ние сме Ваши соседи, пријатели и фамилија, затоа Ве замолуваме, “ПОГЛЕДНЕТЕ ДВА ПАТИ И СПАСЕТЕ ЖИВОТ!“

П.С. Поддржете ја нашата кампања во име на сите моторциклисти и љубители и на фејсбук
https://www.facebook.com/groups.php?ref=sb#/group.php?gid=53490698895
Simeon.S.
Simeon.S.

Number of posts : 57
Age : 53
Registration date : 2009-01-20

Back to top Go down

Кампања за безбедност на моторциклистите на патот Empty Re: Кампања за безбедност на моторциклистите на патот

Post  dvormak Wed Feb 25, 2009 3:56 pm

cheers cheers cheers
dvormak
dvormak

Number of posts : 141
Age : 50
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Кампања за безбедност на моторциклистите на патот Empty Re: Кампања за безбедност на моторциклистите на патот

Post  Nikolce Wed Feb 25, 2009 6:47 pm

Браво Симе ! Супер е cheers
Nikolce
Nikolce

Number of posts : 21
Age : 56
Location : BITOLA
Motorcycle : HONDA CBR 1000 F
Registration date : 2009-01-22

Back to top Go down

Кампања за безбедност на моторциклистите на патот Empty Re: Кампања за безбедност на моторциклистите на патот

Post  Тоше Tue Apr 07, 2009 5:08 pm

Кампањата сесрдно ја поддржувам! Ајде да сториме поконкретни чекори на пр. со печатење и дистрибуирање на објавениов текст. Денес сум посебно резигниран од односот на агресивни и крајно невнимателни возачи на автомобили и камиони од кои најмалку 5 пати во рок од саат ипол ќе бев прегазен, удрен или едноставно збришан под тркалата на нивните возила. Ако на мое место беше некој понеискусен почетник-мотоциклист, гарант сега не ќе беше во состојба ова да го напише!
Тоше
Тоше

Number of posts : 31
Age : 61
Location : Скопје
Motorcycle : Crow cm250uh
Registration date : 2009-02-27

Back to top Go down

Кампања за безбедност на моторциклистите на патот Empty Re: Кампања за безбедност на моторциклистите на патот

Post  badi Tue Apr 07, 2009 6:57 pm

тоше,тоа веќе го спремаме ,него можеш да помогнеш со удел во неа со тоа шо ќе ни договориш термин во некоја емисија кај тебе у телевизија Very Happy ,па да позборуваме за кампањата... пардон,само ќе треба да се договориме од управен одбор за тоа и да ја наредиме работата и медиумски .
иначе одлично шо ја поддржуваш кампањата,а за на улица само 8 пара очи отворени,поготово сега коа се будат моторџии а возачите на автомобили и друго не се свесни сеуште за моторите.
позз
badi
badi

Number of posts : 47
Age : 50
Location : Skopje-Macedonia
Motorcycle : Regal Raptor SPT 350
Registration date : 2009-01-20

http://www.myway-badi.com.mk

Back to top Go down

Кампања за безбедност на моторциклистите на патот Empty Re: Кампања за безбедност на моторциклистите на патот

Post  Simeon.S. Wed Apr 08, 2009 10:55 am

Значи флаерите со Мото Турата се при крај и на нив на задната страна стои и кампањата е сега се очекува и званичниот број на учесници на Мото Турата Мариово 2009 на кои исто така ќе биде ставена кампањата а доколку некој смета дека може да допринесе за помасовно претставување и има можности слободно нека ни се приклучи во истата.
Simeon.S.
Simeon.S.

Number of posts : 57
Age : 53
Registration date : 2009-01-20

Back to top Go down

Кампања за безбедност на моторциклистите на патот Empty Re: Кампања за безбедност на моторциклистите на патот

Post  dvormak Thu Apr 09, 2009 3:18 pm

Кампања за безбедност на моторциклистите на патот Mariov11

клик на сликичето за да се зголеми
dvormak
dvormak

Number of posts : 141
Age : 50
Location : Скопје
Motorcycle : Kawasaki KL650- Tengai
Registration date : 2009-01-20

http://www.asmotors.mk

Back to top Go down

Кампања за безбедност на моторциклистите на патот Empty Re: Кампања за безбедност на моторциклистите на патот

Post  Sponsored content


Sponsored content


Back to top Go down

Back to top

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum