10.04.2010, Онака, по патот со облаците... :)
Page 1 of 1
Re: 10.04.2010, Онака, по патот со облаците... :)
Еве и објаснување на патот и интересните дестинации за излети:
Си шеткам јас така со моторот и си викам, ај да ставам една тема со интересни дестинации за излети, еднодневни или викенд... па да почнам од мојата последна вожњица на 10.04.2010...
Требаше нешто да одам до Катланово, но не ми се одеше по автопатот, и си реков ај ке кружам одоколу...
Така и си направив... со мала консултација од Google Earth, го јавнав тангичето е се упатив накај Драчево... (да, точно прочитавте, целта ми беше Катланово, но се упатив кон Драчево :laugh: )
Прво си подзастанав во село Драчево покрај старата семејна куќа на семејството на мојата верна сувозачица...
стара, напуштена куќа во типичен Македонски стил, со големи чардаци, миндери во собите, огромен двор... но за жал сето тоа оставено да пропаѓа под теретот на времето...
Малку понатаму по главната улица одеднаш се појавува знакот за излетничкото место 3 Круши, па си викам ај и до таму...
Значи првиот предлог е 3 Круши- Драчево:
Местото е полно со маси и клупи, а малку погоре, на 100-тина метри има и ливада со прекрасен поглед кон Китка...
Продолжуваме понатаму.. т.е. многу понатаму, па ке се вратиме малку назад...
Од Зелениково нагоре, патот е прекрасен, малку тесен но со совршени кривинки и воодушевувачки поглед...
... и покрај патот има интересни места...
... но сепак целта ми беше една ливада покрај Кадина река во селото Смесница.
Е токму ова е втората дестинација која сакам да ја претставам, но советувам моторите да се остават во селото каде што завршува асфалтот, па до реката да се продолжи пеш, поради лошиот пат...
... како и да е, местото вреди... реката жубори, врапчињата пејат, коњчињата си пасат...
Продолжуваме понатаму, односно се враќаме назад
Во брдото над Зелениково се ѕирка манастирче, па си викам ај да погледам штом веќе сум тука...
... по патот назад реката Вардар покажува интересни слики, кои тешко дека може да се видат од некој кафиќ покрај кеј ...
И така, дојдовме до дестинацијата бр. 3- Таор.
Ако се сеќавате, пред 2 години имавме една форумска вожња до таму, но ете пак, да го претставиме селото Таор и археолошкото наоѓалиште Тауресиум, за кое се претпоставува дека всушност е Јустиниана Прима...
Сонцето грее, а погледот накај Скопје покажува сосема спротивно време...
Моја маленкост...
И двата вредни чувари на археолошкиот локалитет...
Толку за првпат...
Остатокот од возењето беше интересно трускање по мостовите на земјениот пат Таор-Катланово...
... пљусок кај фазанеријата во Катланово...
... и мала фото сесија на патарината...
... со Курсаџиите :laugh:
Се симнувам од мотор и прашувам- Може една фотка?
Снимателот ми вика- Може, бирај со кого?
А јас му велам- Па нормално со Убавка Сексовска и со Лепа Учитељица :laugh: (се убаци и Ванчо во кадар, ама ај нека му е :silly: )
До следната дестинација...

Similar topics
» Кампања за безбедност на моторциклистите на патот
» Скопска Црнагора... 7.01.2010
» Еуро Тура 2010
» Мото Тура МАРИОВО 2010
» Moto Tour MARIOVO 2010
» Скопска Црнагора... 7.01.2010
» Еуро Тура 2010
» Мото Тура МАРИОВО 2010
» Moto Tour MARIOVO 2010
Page 1 of 1
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum
|
|