Скопска Црнагора... 7.01.2010
2 posters
Page 1 of 1
Скопска Црнагора... 7.01.2010
Христос се роди... навистина се роди !
Прекрасен Божиќен ден, лето 2010-то..
По цел ден натаму-наваму низ дома...
Откако огреа сонцето после краткиот пладневен дожд, срцево не издржа... се облеков, ја јавнав верната Јawa и се упатив кон едно место, кое ми го препорачаа пријателите- Манастирот Св. Никита во с. Горњани на Скопска Црнагора.
Поаѓајки од дома, патот меводеше низ Битпазар, Чаир и Бутел. Потоа по коцката према Мирковци и Бањани, Чучер, Горњани... итн...
Како возев се погоре и погоре, зд мене остануваше смогливата скопска котлина...
Немајки кого да прашам, едноставно се упатив кон едно (како што мислев) манастирче кое се гледаше...
Селцето беше многу интересно и живописно... од преубави нови вили, до куќи заборавени од времето...
Мала пауза крај селската чешма, колку да се завртам околу себе и да дозам каде се наоѓам...
Како што пишува, се наоѓав во с. Чучер.
Продолжувам уште малку по патот кој води право во капијата на црквата св. Тројца...
На искачање ме пресретна еден од жителите, кој ме упати кон манастирот св. Никита. По пат, воодушевен од глетката, повторно застанувам на поило ...
Продолжувајки нагоре, навистина се среќаваат прекрасни глетки на котлината и ближните села...
И така стигнав и до манастирот св. Никита во с. Горњани...
Мојот фотоапарат вознемири една тетка која седеше со уште неколку луѓе во конаците. Убаво ја поздравив, и го честитав Божиќниот празник и и се извинив зошто претходно не прашав дали е дозволено сликањето. Го прифати моето извинување и ме замоли повеќе да не сликам внатре во манастирскиор комплекс, што и го испоштував. И понудив дури и да ги избришам двете (претходни) слики, но рече дека не е проблем и не мора.
Се поздравивме убаво и си продолжив по патот...
Најпрвин уште некоја слика на оклината на манастирот (надвор од ман. комп.)...
Некако времето беше преубаво за возење и едноставно не ми се враќаше назад, па решив да продолжам понатаму, погоре и погоре...
После неколку км. сретнав табла која покажуваше кон манастирот св. Богородица, но асфалтниот пат тука завршуваше и продолжуваше по калдрма...
Си викам “мечка стра, мене не стра” и продолжувам по калдрмата...
и така се до манастирот...
Инаку, преубаво место, зелени ливади (дури и во сред зима) и дабова шума...
Продолжувам понатаму, едноставно неможев да се сопрам. Патот води се погоре и погоре, се до моментот кога му го видов крајот...
и така, сонцето веќе ги покажуваше своите последни зраци, а исто и јас, налево круг и правец накај дома, на топла супа и прегратка со невестата
До следната вожња...

Similar topics
» Еуро Тура 2010
» Мото Тура МАРИОВО 2010
» Moto Tour MARIOVO 2010
» 10.04.2010, Онака, по патот со облаците... :)
» Мото Тура МАРИОВО 2010
» Moto Tour MARIOVO 2010
» 10.04.2010, Онака, по патот со облаците... :)
Page 1 of 1
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum