Викенд: Пелинце + Пешти
2 posters
Page 1 of 1
Re: Викенд: Пелинце + Пешти
Па не е фер вака.
Па тебе енглески не ти е матерњи језик па таму да раскажуваш,а тука не.
Одма да си преправиш постот и да додадеш некој ред букви да има што да се чита вака не е убаво бљак,бљак,бљак.

хмммм, во право си Леоне...
ај вака:
Во саботата, на 7-ми Февруари 2009, не ме држеше место дома. Веќе имавме закажано вожња за во недела, ама кој ке чека уште цел еден ден ...
Си побарав дозвола за излез од невестата (нормално откако ја поканив заедно да се повозиме) ја јавнав тангата и патот под тркала.
После кратко крукче низ Скопјево, фатив во правец Куманово, демек ај до манастирчето карши Окта, стално поминувам покрај него а никогаш не сум се качил да разгледам.
Стигнав таму, инаку манастир св. Ѓорѓија, фино уредено место, има и за седење, само штета што Окта е веднаш од карши и самиот воздух е доста загаден, мириса на прегорена нафта или гума или слично...
од таму им се јавив на Мечките и ме викнаа да поминам кај нив во "дувлото".
Ме пречекаа Јоцо, Жпал и газда Харли во неговиот Low Rider Pub.
После мало пиќенце, Јоцо реши да ми се придружи и да ме однесе до бањата Стрновац.
Отидовме и до таму, но зимно време местото е малку запуштено, околните трајлер-кафани не работеа па Јоцо предложи да одиме до Пелинце и таму да седнеме на по едно кафе.
И до таму отидовме, се напивме кафе, го разгледавме и музејот на АСНОМ (Јоцо има повеќе слики од таму, мене ме зезаа батериите на апаратот. Кога ке ми ги пушти, ке ги закачам)
На крај, после неколку муабети и разгледување на местото си фативме по дома.
Неделата (8.02.2009) како што знаете беше договорена вожња до Пешти.
Сабајлето се слушнав со Зоки од Велес и тој ми пренесе загрижувачки информации за времето: бели снежни облаци и ладен ветер.
Но сепак, јуначки се упативме до предложената дестинација и, што се однесува до мене, воопшто не згрешивме.
По пат, малку (повеќе) дуваше страничен ветер, но се издржа и тоа. Во Велес- сонце...
Го најдовме и местото, после кратка оф-роуд вожња и така...
Разгледавме, прошетавме, направивме скара, се накркавме, па на враќање по едно кафенце во Велес и на крај домче
До следната вожња...

Similar topics
» 15,03,2009 Викенд вожња до Катланово и с.Градманци
» Предлози за организирани или соло возења
» Кокино + Пелинце
» Предлози за организирани или соло возења
» Кокино + Пелинце
Page 1 of 1
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum