Совети за возење на Моторцикл во лоши временски услови
2 posters
Page 1 of 1
Совети за возење на Моторцикл во лоши временски услови
Поради фактот што летото ни замина и сега се на ред останатите годишни времиња со отежнати услови за возење си го пронајдов текстот во компјутерот од материјалот кој го припремаме во Гардиан Енџелс за нашето издание на техники на напредно возење користено од литературата на Motorcycle Road Craft by Metropoliten motorcycle police unit & Institute of advanced riding, па ако не сум го објавил некаде тука еве нешто да се потсетиме:
Совети за возење на Моторцикл во лоши временски услови
Прва работа што луѓето помислуваат кога временските услови ќе се влошат е “Ова е гнасно време“ и затоа не мора да се возам, но тоа немора да е така. Очигледно тука не станува збор за снег и поледица, но возењето на мотор на влажно време може да биде повеќе едукативно отколку возење во суви временски услови.
Сето тоа зависи од Ваша гледна точка, ако чашата е напола празна или половина полна е исто како дали возењето во лоши временски услови може да претставува задоволство или не. Исто така зависи и од вашата отпорност на ладнокрвност. Прва работа, облечете се убаво, набавете си 100% водоотпорна опрема, добри и топли ракавици и добри водоотпорни чизми. Втора работа уверете се дека имате добра кацига, онаа која што не се замаглува лесно, ако немате таква тогаш постојано ќе ја имате онаа маглива маска пред себе, нешто за околу вратот, доколку може да се постави и преку уста е уште од поголема корист.
Сега кога ја имате таа опрема, извадете го моторот од гаража. Постојат скриени и не толку скриени опасности на патот кога се возите на влажен коловоз.
Работи на кои треба да им посветите внимание:
1. Дизелот – нафта. Најчесто на коловозот се гледа како сличност на ефектот на виножито, најчесто на кружните текови, на раксрсниците и кривините.
2. Влажните метални капаци на патот. Овие не се толку лоши доколку не се поминува директно на нив, со додавање на туража. Имајте на памет дека тие се многу лизгави, и не движете се преку нив и не пробувајте да менувате правец кога се наоѓате директно над нив.
3. Белите линии на коловозот. Кога истите се влажни се многу лизгавии може да предизвикаат лизгање на предното или заднот тркало на вашиот мотор.
Една од исто така важните работи кои треба да се запаметат е тоа кога се возите на влажно време гумите на вашиот мотор нема да се загреат до температурата потребна никаде приближно брзо, од фактот кога возите на суво. Затоа бидете екстра нежни и претпазливи во првите 15 -20 минути возење. Клучот на возењето на влажно време и коловоз е во тоа да се биде нежен при правење на маневри и промена на правец, нежен на додавање на туража, кумплуг и кочниците, нежен е буквално клучниот збор овде, полека и нежно во секоја команда, предвидете екстра време за кочење, користете малку повеќе задна кочница, па потоа предна а тоа ќе ве изненади колку вашето успорување ќе биде глатко а и помага во стабилизирање на моторот.
Промена на степен надлолу на менувачот – како при возењето во суви временски услови, од поголема важност е при возење на влажен коловоз, уверете се дека сте во вистинската брзина според брзината со која се движите, дозволете им на обртаите да опаднат (без притискање на кумплугот) пред да промените брзина на менувачот степен надолу. Тоа ќе ви помогне да не се блокира задното тркало, и можноста да слизнете е намалена, а истотака во комбинација со нежно користење на задната кочница, потоа предна, вашето застанување ќе биде глатко и сигурно.
Запомнете, нежноста и екстра растојанието за кочење е потребно за безбедно застанување. Пробајте да оставите повеќе време за да ги направите овие работи, посветете поголемо внимание на коловозот и околу него со планирање однапред и бидете спремни да реагирате порано на било каква опасност која што може да произлезе, а со тоа возењето на влажно време и влажен коловоз може да претставува награда и едукација, ќе ви помогне да го научите лимитот на вашиот моторцикл, и ќе Ви го зголеми Вашето време на реакција како и способноста за планирање однапред за време на возењето. А во иднина тоа ќе ви стане и навика кога возите мотор на сув коловоз и време.
Промена на правецот – кривина со вашиот моторцикл на ваква лизгава површина изискува ултра нежен пристап. Притискање на кочниците грубо, или правење на изненадно свртување на рачките може лесно да ве исфрли од коловозот или уште полошо. Потребно е да ја намалите брзината пред да влезете во кривина или да го промените правецот и да ја одржите туражата скроз неутрална –одземена, но внимавајте на другите учесници во сообраќајот а посебно на автомобилите околу вас на кои за тоа не им е грижа воопшто.
Нежниот пристап кон брзината и промената на правецот би ви бил од голема услуга на сите влажни коловози. Изведете ги вашите свртувања за мала работа постепено. Промена надолу на менувачот нежно, притискање на кумплугот поспоро ос вообичаеното и избегнете ги наглите додавања на туража. Полека и прогресивно на туражата. Користете повисок степен на менувачот да би ја намалиле силината која ја постигнува задното тркало. Притиснете ги кочниците на тој начин да пневматиците – гумите не се оптоваруваат нееднакво. Оставете повеќе простор за запирање или успорување за да имате помалку потреба ос сето тоа. Но исто така уверете се дека возачите околу вас истотака имаат време да реагираа на вашите движења.
Наредниoт пат кога ќе има убав дожд, ставете ја вашата опрема и излезете надвор намерно со цел, со нежниот пристап на возење во мислите и ќе бидете изненадени колку сте научиле.

Simeon.S.- Number of posts : 57
Age : 53
Registration date : 2009-01-20
Re: Совети за возење на Моторцикл во лоши временски услови
Најискрена пофалба до Симеон за постот кој сметам дека ќе им биде од огромна корист на понеискусните како и добар подсетник на поискусните мотоциклисти. Кон постот од мене мала додавка дека истото или слично правило за возење важи и за коловоз на кој преку асфалтот има растурено прав, песок или ризла најчесто после дождови, снег или мраз. Таквата појава е најчеста во пролет кога завршува сезоната на снеговите поради растурањето ризла и песок од страна на службите за одржување на патиштата и ризлата и песокот се задржуваат по десниот крај од коловозните ленти се до половината на Јуни. Токму поради тоа треба да се одбегнува возење „строго десно“ во овој преиод бидејки неочекувано може при влегување во кривина (посебно десна) или излегување од нејзе непријатно да бидете изненадени од оваа појава. Совет: кога возиш, спушти го хоризонтот на својот поглед пониско, гледај и труди се да ја анализираш повеќе подлогата по која треба да возиш, обиди се да воочиш на време место на кое има ризла, песок или прашина. Пролизгувањето е слично како и при влажна подлога и може лесно да доведе до несакани последици.
Тоше- Number of posts : 31
Age : 62
Location : Скопје
Motorcycle : Crow cm250uh
Registration date : 2009-02-27
Re: Совети за возење на Моторцикл во лоши временски услови
Тошка, твојот додаток е на место и од тој аспект се досетив на нешто друго што исто така би било од корист за новопечените моторџии а и практично за нас постарите. Тоа ќе му дојде во друга тема и ќе ја наречам: Практични вежби со моторцикл
Simeon.S.- Number of posts : 57
Age : 53
Registration date : 2009-01-20
Page 1 of 1
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum