Moto Touring Macedonia
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

29.03.2009 Badarska Okolija

2 posters

Go down

29.03.2009 Badarska Okolija Empty 29.03.2009 Badarska Okolija

Post  windy_woman Tue Mar 31, 2009 12:20 pm

По претходата убава вожња до Градманци, нашиот пријател од Холандија одушевен од убавото дружење раскажал на свои пријатели од Белгија па решивме повторно да појдеме во обиколка на Катлановскиот крај. Се собравме на бензиска и правец Катланово.Пријателите од Белгија и дел од семејството на Рене од Холандија не следеа со коли. Планот беше една убава кратка вожња, па потоа една скара - колбаси на стапче, убави тазе лепчиња,малку пивце, малку фудбал... Се собравме како што е ред на Макпетрол бензиската, испивме по некое кафенце и договор падна да се појде Бадар. Решив да ризикувам и да бидам совозачица на Трте . И така ветерот гордо ни маваше директно во градите додека облаците го криеја сонцето. На влез во Бадар не пречека еден убав шарпланинец кој едвај чекаше да изгриза дел од моторџиското мевце, но Трте е тука. Шарпланинецов посрамен кога го виде. Па јас не сум воопшто страшен во споредба со Трте - тивко ми шепна, кутриот шарпланинец. Е потоа се наоколу кал и вода, полјаните поплавени, а јас и Трте еден мал Парис-Дакар низ Бадарските езера. Си рековме дека можеби ако појдеме негде на повисоко ке најдеме посуво место. Но, најверојатно се качивме премногу високо затоа што пак таму не пречека снег. Од тоа повисоко место Бадарските неприродни езера и реката Пчиња нудеа убав пејсаж. Отидовме до местото каде што падна хеликоптерот на нашите мировници. Кратко оддавање почит кон нив и повторно удолу и удолу и удолу и никаде сува земја, а и ветерот не престануваше. За пусти жал за скарата, за фудбалот, за жолтата ракија, за лепчињата веднаш назад и кај нас во двор. Е потоа плотната заигра, па музиче, па дружба, па и фудбал. Па, крајот на нашата неделна викенд вожња беше одлично запечатен. Штета што изумивме да направиме некоја фотограгија повеќе. Мислам дека има две три фотки па доколку се ок ќе ги ставиме накнадно.

windy_woman

Number of posts : 4
Age : 48
Location : Skopje
Registration date : 2009-01-22

Back to top Go down

29.03.2009 Badarska Okolija Empty Re: 29.03.2009 Badarska Okolija

Post  Simeon.S. Tue Mar 31, 2009 9:15 pm

Супер сте! Најдобро друштво на луѓе кои ги познавам! Се надеваме дека времето ќе тргне веќе па ќе можеме заедно да се возиме на мини турички бар низ МКД. И ние со Венера не останавме рамнодушни на слободното време мада и тука времето небеше баш нај нај, но пасијата не одвлечка кон Мариово во с.Манастир кај Отец Никола. Таму како на друг континент да си, топло убаво и сончево. Како и да е и ние имавме убава неделан вожња!

Поздрав!
Simeon.S.
Simeon.S.

Number of posts : 57
Age : 53
Registration date : 2009-01-20

Back to top Go down

Back to top

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum